среда, јули 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Шпанија на „правата страна на историјата“: Санчез го истакнува ставот против војните во Украина и на Блискиот Исток

by Redakcija
30.03.2026
in Свет
Шпанија на „правата страна на историјата“: Санчез го истакнува ставот против војните во Украина и на Блискиот Исток

Шпанија се декларира како земја на мирот, порача премиерот Педро Санчез во отворено писмо до членовите на Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ). Според него, принципот „без војна“ не е само политички став, туку историска определба која ја става Шпанија на „правата страна“ и ја прави референтна точка за прогресивците и мирољубивите сили ширум светот.

„Од првиот ден јасно кажавме дека нема да тргнеме по патот на војната. Тоа значи сеќавање, достоинство и лојалност кон нашата нација“, истакна Санчез, потсетувајќи дека Шпанија остана конзистентна во овој став.

Премиерот не се воздржа да ја спореди сегашната политика со онаа од 2003 година, кога поранешниот премиер Хозе Марија Азнар ја поддржа војната во Ирак. Според Санчез, тоа ја „стави земјата на погрешната страна од историјата“. „Научивме што се случува кога власта го игнорира својот народ и ги следи интересите на странска сила. Но, уште поважно, видовме што се случува кога граѓаните стануваат и со храброст го кажуваат своето ’не‘“, додаде тој.

Санчез го нагласи дека мирот за неговата влада не е само слоган, туку суштинска потреба и морална обврска. „Тоа не е луксуз, туку неопходност. Не е молба, туку барање“, рече тој, истакнувајќи дека социјалистичката влада постапува во согласност со ова убедување.

Премиерот посвети внимание и на актуелните конфликти во Украина и Палестина, подвлекувајќи дека „неопходно е оваа војна да заврши“. Воедно, тој истакна дека социјализмот не се согласува со неправдата и насилството, нагласувајќи дека неговата партија останува „непопустлива пред неправдата“.

Related Posts

Нови правила за летање во ЕУ – Убави вести за патниците

08.07.2026

ВИДЕО: Трамп направи нов лапсус на самитот на НАТО

08.07.2026

САД извршија воздушни напади врз цели во Иран, Техеран најави одговор

08.07.2026

Иран испрати остра порака: Агресорите ќе бидат казнети, а конечната одмазда ќе биде „ослободувањето на Ерусалим“

08.07.2026

Голема акција во Европа: Откриена мрежа за шверц на фалсификувани кондоми

08.07.2026

Двојна експлозија во Дамаск кај хотелот каде престојувал Макрон – има загинати и повредени

07.07.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Ауди вози по пешачка патека во паркот „Жена-Борец“

4 месеци ago

Хрватите не се откажуваат: Швајцарија падна, полуфиналето сè уште е можна опција

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Полицијата апсеше – Со закани изнудувал пари од 18-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важно известување од Општина Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хорор на плажа во Грција: Опасна „риба-зајак“ нападна жена и ја гризна за вратот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ММФ со добра прогноза: Македонија меѓу најбрзорастечките економии во Европа до 2031 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе скопски населби утре ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.