Во вторникот, 7 април 2026 година, во Истанбул се случи пукaње во близина на зграда каде се наоѓа израелскиот конзулат, потврди сведок за Reuters. Инцидентот се случи во познатата истанбулска четврт Бешикташ, но засега не е јасно дали токму конзулатот бил цел на нападот, пренесуваат турските медиуми и The Jerusalem Post.
Според информации од член на локалната заедница за The Jerusalem Post, израелскиот конзулат е затворен веќе најмалку две години и се претпоставува дека во објектот нема дипломатско особје.
Првите извештаи од социјалните мрежи укажуваат дека имало и повредени, додека турските медиуми NTV и CNN Türk јавуваат дека безбедносните сили убија најмалку три напаѓачи за време на интервенцијата.
İsrail Konsolosluğu önünde silah sesleri!https://t.co/CLxc6iOmKD pic.twitter.com/VbrxIjdzEp
— Cumhuriyet (@cumhuriyetgzt) April 7, 2026
…












