понеделник, август 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Усвоен план со 61 мерка за енергетска трансформација до 2030

by Redakcija
15.04.2026
in Економија

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики.

Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од Енергетската заедница и европската регулатива.

Со вкупно 61 конкретна мерка, Планот опфаќа:

  • 26 мерки за декарбонизација, 
  • 20 за енергетска ефикасност, 
  • 3 за енергетска безбедност, 
  • 11 за внатрешен пазар на енергија и 
  • 1 за истражување, иновации и конкурентност. 

Фокусот е јасен – намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на обновливите извори на енергија и значително подобрување на енергетската ефикасност.

Во наредниот период, државата ќе преземе конкретни чекори за: засилени инвестиции во сончева, ветерна и хидроенергија,  воведување систем за цена на јаглерод, согласно европските стандарди, развој на складирање на енергија и модерна енергетска инфраструктура, постепено напуштање на јагленот како енергенс. 

Паралелно, се зајакнува енергетската безбедност преку диверзификација на изворите, регионална соработка и нови интерконекции, како и понатамошна либерализација и интеграција на пазарот на електрична енергија.

Планот е резултат на широк и транспарентен процес во кој учествуваа институции, експерти, академската заедница, приватниот сектор и меѓународни партнери. Во неговата подготовка се вградени и препораките на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и најновите европски политики.

За документот е спроведена и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, која ги анализира ефектите врз воздухот, водите, почвата, биодиверзитетот, климатските промени и здравјето на граѓаните. Извештајот е прифатен од надлежните институции, по спроведени јавни расправи и консултации, вклучително и со соседните држави.

Со имплементацијата на Планот се очекува значително подобрување на квалитетот на животната средина, поголема енергетска стабилност и независност, нов инвестициски циклус во енергетиката, забрзана зелена транзиција и економски развој. 

Овој документ е јасна визија за енергетската иднина на државата, во која одржливоста, иновациите и европските стандарди стануваат реалност.

Related Posts

ministerstvo za finansii

МФ: Завршната сметка за 2025 година потврдува стабилни јавни финансии, редовно сервисирање на обврските и реализација на развојните инвестиции

01.08.2026

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

01.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 37,15 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

01.08.2026

GM955 ЌЕ ГИ МИНУВА ЗАВРШНИТЕ ТЕСТИРАЊА ВО TÜV SÜD МИНХЕН

01.08.2026

Финансиски резултати за вториот квартал и првата половина од 2026 година

31.07.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,05 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

31.07.2026

Препорачани Вести

Субвенции за адаптација на домови за лица со попреченост во Општина Битола

5 месеци ago

Грција инвестира 23,6 милиони евра за модернизација на граничниот премин Евзони

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Над 70 лица приведени во акциски контроли за дрога низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски за МИА: Од ЕУ слушаме и поинакви пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Летал со 220 км/ч по автопатот А1: Косовец приведен кај Гевгелија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независни руски медиуми: Откриено е колку има загинати руски војници во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците во Австралија достоинствено го одбележаа Илинден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.