петок, јули 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Малку позната функција во Windows: Како со еден потег да го исчистите екранот

by Redakcija
14.04.2026
in Технологија
Малку позната функција во Windows: Како со еден потег да го исчистите екранот

Постои мала, речиси скриена функција во Windows што може драматично да го расчисти хаосот на екранот, а сепак останува непозната за голем дел од корисниците.

Со едноставно движење, односно брзо „протресување“ на активниот прозорец за неговата горна лента, сите останати отворени апликации веднаш исчезнуваат од видик. На екранот останува само она на што моментално работите, без потреба од дополнителни кликови или пребарување низ прозорци.

Оваа практична можност не е новитет. Првпат се појави уште со Windows 7 во 2009 година под името Aero Shake. Иако и денес е дел од Windows 11 (сега наречена Title bar window shake), Microsoft ја има оставено исклучена по дифолт, па многумина никогаш не ја ни забележуваат.

Интересно е што функцијата има и „обратен ефект“: ако повторно го протресете истиот прозорец, сите претходно минимизирани апликации се враќаат точно таму каде што биле. Ова ја прави особено корисна во ситуации како онлајн состаноци или споделување екран, кога сакате експресно да ги сокриете приватните содржини.

Активирањето е едноставно, доволно е да влезете во Settings, да ја отворите секцијата System, па Multitasking, каде што се наоѓа опцијата што треба да ја вклучите. Промената стапува на сила веднаш, без рестартирање.

За оние што не сакаат да „тресат“ прозорци, постојат и алтернативи: комбинацијата Win+Home ги минимизира сите освен активниот прозорец, додека Win+D ве носи директно на работната површина со еден потег.

Related Posts

МВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите 10.000 брзи тестови од Кина

МВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите 10.000 брзи тестови од Кина

26.07.2026
Глобален пад на Фејсбук и Инстаграм: Корисниците во Македонија останаа без десктоп пристап, Мета работи на отстранување на дефектот

Глобален пад на Фејсбук и Инстаграм: Корисниците во Македонија останаа без десктоп пристап, Мета работи на отстранување на дефектот

19.07.2026
(ВИДЕО) Дали почна? Робот се побуни и одби да биде ставен под контрола!

(ВИДЕО) Дали почна? Робот се побуни и одби да биде ставен под контрола!

05.07.2026

(Видео) AI ќе избрише милиони работни места? Овие пет професии би можеле да ја преживеат револуцијата

28.06.2026

Вселенски телескоп паѓа кон Земјата, но НАСА има неверојатен план за негово спасување

21.06.2026

Експертите предупредуваат: Исклучувајте ги полначите од штекер кога не ги користите

15.06.2026

Препорачани Вести

Пожари на повеќе локации во Струмица, брзата реакција спречи поголема штета

5 месеци ago
avtobus

Автобус оставил патници поради недостиг на гориво

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Статуата на Александар Македонски ги пречекува патниците на аеродромот во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најчестиот комарец во Македонија може да го пренесе вирусот западнонилска треска – бројот на заразени се зголемува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Постигнат е историски договор за Газа – Најавено разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денес е среќен ден за овие хороскопски знаци – проверете дали сте меѓу нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.