вторник, април 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Паднаа нелегални тутунски мрежи: Запленети повеќе од милион цигари и 225 кг тутун

by Simovski
21.04.2026
in Македонија
Извор: Царинска Управа

Приходите од увоз на тутун и тутунски производи бележат значителен раст во првото тримесечје од годинава, при што во државната каса се слеани дополнителни 11 милиони евра во споредба со истиот период лани. Само по овој основ, вкупната наплата достигнала 2,82 милијарди денари, односно околу 45,7 милиони евра.

Зголемените буџетски приливи доаѓаат во период кога на терен се интензивирани контролите за сузбивање на нелегалната трговија со тутунски производи. Во осум одделни случаи, надлежните служби заплениле повеќе од еден милион парчиња цигари, како и 225,6 килограми различни тутунски производи, меѓу кои сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички.

Паралелно со акциите на терен, одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги има отворено предистражни постапки во четири случаи. Како резултат на тие активности, поднесени се кривични пријави против четири физички лица и едно правно лице.

Од Царинската управа посочуваат дека ваквите мерки имаат двојна цел: заштита на државниот буџет и зачувување на јавното здравје преку ограничување на нелегалниот промет.

На свеченоста по повод 34-годишнината од постоењето на институцијата, директорот Бобан Николовски порача дека улогата на Царината оди многу подалеку од класичната контрола на стоки.

Тој истакна дека институцијата треба да биде гарант на законитост и предвидлив деловен амбиент, во кој, како што нагласи, чесното работење претставува предност, а нефер конкуренцијата нема простор за дејствување.

„Нашата задача е да градиме систем во кој правилата важат еднакво за сите, без исклучоци и без импровизации. Секој учесник во царинските постапки носи одговорност, а законот мора да биде единствената мерка на постапување“, порача Николовски, додавајќи дека целта е институцијата сè повеќе да преминува од реактивно кон превентивно делување, со навремено препознавање и спречување на ризиците пред тие да се реализираат.

…

Related Posts

ПОНИШТЕНИ СТУДИИ ЗА 11 СТУДЕНТИ: Инспекторатот откри незаконско запишување на Филозофски факултет

21.04.2026

Тајни пораки, фалсификуван сертификат и тендери: судењето за Татјана  Димитровска открива шокантни детали

21.04.2026
Наплататите од извршителите во Македонија достигнаа 137 милиони евра минатата година

Денес обвинителтвото во Штип ќе ги изрече завршните зборови во случајот за бруталното убиство на Борјанка Николова

21.04.2026
Тројца лекари сами пријавиле дека биле преплатени: Вратиле 25.000 евра

Тројца лекари сами пријавиле дека биле преплатени: Вратиле 25.000 евра

21.04.2026

Внимание: Критични точки на патот Дебар-Маврово поради одрони

21.04.2026
Муцунски: „Нема време за чекање, се ближиме кон 2030“

Муцунски: „Нема време за чекање, се ближиме кон 2030“

21.04.2026

Препорачани Вести

Зголемени патарините во Србија од 1 јануари, возачите затекнати од новиот ценовник

4 месеци ago

ХОРОСКОП ЗА 10 АПРИЛ: Кој знак треба да забави, а кој да ризикува денес

2 недели ago

Популарни Вести

  • ПОНИШТЕНИ СТУДИИ ЗА 11 СТУДЕНТИ: Инспекторатот откри незаконско запишување на Филозофски факултет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХОРОР ВО БРИТАНСКИ  НОЌЕН КЛУБ: 18-годишна девојка заврши во болница со парализа по пијалак од непознат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПИЈАНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Нападнала сопруг, па со 1,95 промили предизвикала сообраќајка!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Израелски војник уништи кип на Исус во Либан: започната истрага, расте тензијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајни пораки, фалсификуван сертификат и тендери: судењето за Татјана  Димитровска открива шокантни детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.