недела, јуни 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Македонците меѓу главните учесници на стрип-фестивалот во Загреб

by Redakcija
23.04.2026
in Магазин
Македонците меѓу главните учесници на стрип-фестивалот во Загреб

На 17 до 19 април во просториите на Академијата на ликовни уметности во Загреб се одржа „Цртани романи шоу“, еден од најзначајните стрип-фестивали во регионот, кој годинава повторно привлече силна меѓународна екипа автори, промотори и љубители на деветтата уметност.

Меѓу учесниците од Македонија беа стрип-промоторите Томе Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип, кои со своето присуство се вклучија во богата програма исполнета со изложби, панел-дискусии, саем на стрип изданија, работилници за цртање, косплеј настани, квизови и музички содржини. Трајков ја оцени оваа фестивалска средба како продолжение на неговата долгогодишна меѓународна активност, нагласувајќи дека станува збор за манифестација со сериозен рејтинг и традиција во европските „комикон“ кругови.

„Фестивалот обединува голем број значајни имиња од светската стрип сцена: од Италија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Ирска, Германија, САД и Франција, што создава вистинска професионална и креативна енергија“, истакна Трајков, додавајќи дека токму таквата концентрација на автори и публика овозможува разновидна и динамична програма.

Во рамки на настапот, Трајков и Стеванов одржаа и тематска панел-промоција насловена „Македонскиот стрип има минато, сегашност и иднина!“, со која беше претставен развојниот контекст на македонската стрип-сцена. Покрај официјалната програма, нивниот престој во Загреб беше искористен и за размена на организациски искуства, кои, како што најавуваат, ќе бидат применети во идни домашни проекти и фестивалски активности во Македонија.

…

Related Posts

(ВИДЕО) Делириум пред Белата куќа: Илјадници фанови го преплавија UFC спектаклот на Трамп

14.06.2026

“РУСКИОТ ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО“ ЗАМИНА НА ФРОНТОТ: Од интернет сензација до војник во војната во Украина

14.06.2026

Мислите дека купувате сирење? Една ситна ознака открива дали е воопшто сирење.

14.06.2026

(ФОТО/ВИДЕО) ОД ДЛАБОЧИНИТЕ НА ДУНАВ ИЗЛЕЗЕ ЏИН: Рибари од Варна уловија го еден од најголемите сомови видени во Европа

14.06.2026

(ФОТО/ВИДЕО) Неверојатен завет во Индија: Пет години стои на нозе во исто место, верува дека така ќе го види богот Шива

14.06.2026

Македонската музика блесна во Благоевград: Каролина, Дуке и Бранислав ја воодушевија публиката на „Crossing Jumaya“

14.06.2026

Препорачани Вести

Денес е Велики Петок: Ден на Христовото страдање

Денес е Велики Петок: Ден на Христовото страдање

2 месеци ago

ВИДЕО: Сообраќајка на автопатот Скопје–Тетово

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Бегство, потера и напад врз полиција: Уапсен 18-годишник по хаосот од Василево до Богданци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Делириум пред Белата куќа: Илјадници фанови го преплавија UFC спектаклот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среде војна и економски турбуленции: Трамп ќе го слави 80-от роденден со UFC спектакл во дворот на Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • “РУСКИОТ ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО“ ЗАМИНА НА ФРОНТОТ: Од интернет сензација до војник во војната во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Воен авион излета од писта и се претвори во огнена топка, загинаа петмина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.