среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Што прават европските земји со двојното државјанство и дали Македонија оди поинаку?

by Redakcija
24.04.2026
in Македонија

Предлог-законот поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ отвори една чувствителна дебата во нашиот јавен дискурс. Идејата е едноставна, но последиците се далекусежни дали лица со двојно државјанство (бипартриди) или повеќекратно државјанство (полипартриди) треба да имаат право да бидат дел од законодавната власт. Реакциите се силни и поделени. Дел од јавноста ја поздравува иницијативата како чекор кон заштита на државниот интерес, додека други предупредуваат дека се отвора опасен преседан кој може да ги ограничи основните демократски права.


Во позадина на оваа дебата стои едно многу лично прашање кое не е само правно туку и животно. Илјадници граѓани на Македонија имаат второ државјанство поради работа, образование или семејни причини. За нив, ова не е апстрактна тема туку директно прашање дали утре би можеле да бидат дел од политичкиот живот во сопствената земја. Во таква атмосфера, логично се наметнува едно пошироко прашање кое ја надминува домашната дебата како е решено ова прашање во соседството и пошироко во Европа. Дали земјите од регионот веќе се соочиле со ваква дилема и дали избрале рестрикции или отворен пристап. Токму оваа споредба станува клучна за да се разбере дали Македонија се движи во согласност со европските трендови или отвора поинаков пат.


Кога се погледнува европската пракса, сликата е прилично јасна. Во најголемиот дел од земјите членки на Европска Унија двојното државјанство е нормална појава. Во држави како Франција, Италија и Шведска тоа не претставува никаква пречка за учество во јавниот живот. Политичарите таму не се оценуваат според бројот на пасоши, туку според нивната одговорност и довербата што ја добиваат од граѓаните.
Постојат и земји како Германија или Холандија каде постојат одредени правила околу стекнување државјанство, но тие ретко се претвораат во ограничување на политичките права. Единствен поизразен исклучок е Австрија каде двојното државјанство е значително порестриктивно, но дури и таму фокусот е на статусот на државјанството, а не на забрана за политичко учество.


Во македонски услови, дилемата станува уште покомплексна. Од една страна стои аргументот за лојалност кон државата и потребата носителите на највисоки функции да немаат никаква „поделена припадност“. Од друга страна е реалноста на една земја со силна дијаспора, каде голем дел од граѓаните живеат, работат и создаваат надвор, но сепак остануваат тесно поврзани со татковината.


Правниците предупредуваат дека секое ограничување на правото да се биде избран мора да биде внимателно измерено. Тоа не е обично право туку еден од темелите на демократијата.


Во оваа дебата неизбежно се отвора и прашањето за уставноста на ваквото решение. Според Устав на Република Македонија, правото да се избира и да се биде избран е загарантирано политичко право на секој полнолетен граѓанин. Истата линија ја следат и Изборен законик и Закон за Собранието на Република Македонија, кои не предвидуваат ограничување врз основа на тоа дали граѓанинот има едно или повеќе државјанства, туку како клучен услов го поставуваат статусот на државјанин и исполнувањето на општите изборни критериуми.
Токму затоа, евентуално исклучување на лица со двојно или повеќекратно државјанство би отворило сериозна дилема дали се воведува нов, уставно непредвиден услов за кандидирање, со што би се довела во прашање еднаквоста на граѓаните пред закон и самиот опсег на загарантираните политички права.


Прашањето кое останува е дали Македонија ќе избере пат кој се разликува од доминантниот европски модел или ќе се обиде да најде сопствен баланс меѓу безбедноста, правото и реалноста на своите граѓани. Одговорот на ова прашање нема да биде само правен текст, туку ќе биде показател за тоа како државата ги гледа своите граѓани во еден сè повеќе поврзан свет.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови

9 месеци ago

Иран возврати по американските бомбардирања, повредени американски војници

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Западот и Русија не успеаја да се зближат? Бајден посочи три клучни причини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.