Храмот „Св. Константин и Елена“, кој се наоѓа меѓу селата Суводол и Кутретино, се соочува со сериозен предизвик поради дотраениот покрив кој бара итна санација.
Од црковниот одбор упатуваат апел до верниците и до сите луѓе со добра волја да се вклучат во обновата, со цел зачувување на овој духовен објект кој со години претставува место на молитва, надеж и заедништво.
Се истакнува дека секој прилог, без разлика на неговата големина, е од големо значење за реализација на потребните активности и за заштита на храмот од понатамошно оштетување.
„Да покажеме заедништво, вера и љубов и да помогнеме во зачувување на нашето духовно наследство“, порачуваат од храмот, изразувајќи благодарност до сите дарители, помагачи и поддржувачи, со желби за здравје и спасение.
Линк за донации:
…












