понеделник, септември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски: Блокади од сопственици на дивоградби можат да ја чинат државата до 100 милиони евра за автопатот Прилеп-Битола

by Redakcija
26.04.2026
in Економија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се соочува со сериозна опструкција од страна на десетина сопственици на дивоизградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп.

Според него, блокадите доаѓаат од лица кои не дозволуваат пристап до локации каде што треба да се обезбеди градежен материјал за изградба на трасата, што веќе создава дополнителни трошоци за државата.

„Станува збор за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп. Не дозволуваат пристап до наоѓалиштата иако во соседство има локации што се користат за истата намена“, изјави Николоски.

Тој предупреди дека штетата по државниот буџет може да достигне и до 100 милиони евра, бидејќи, како што рече, државата е принудена да набавува материјал од приватни каменоломи и да плаќа дополнителен транспорт.

„Кога ќе ја пресметате цената на материјалот и транспортот, може да стигне до 100 милиони евра кои можеме да ги вложиме во развој на целиот регион, а наместо тоа тие средства ќе завршат во приватни џебови“, рече тој.

Николоски оцени дека зад ваквите блокади можеби стојат бизнис или политички интереси, но нагласи дека очекува ситуацијата да се надмине во најбрз можен рок и да продолжат градежните активности на терен.

Автопатот Прилеп-Битола е еден од клучните инфраструктурни проекти во регионот, кој според најавите делумно ќе биде ставен во функција до следната пролет, а целосното завршување се очекува до 2029 година.

…

Related Posts

Македонија лидер на Балканот: Сонцето ни произведе струја за 26% од годишната потрошувачка

26.09.2026

Сонцето произведе најмногу струја во јули, Македонија покри 94,7% од потрошувачката

26.09.2026

Божиновска: Енергетската заедница со потврда за Македонија – силен раст на ОИЕ и напредок кон целите за 2030

25.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,68 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25.09.2026

Виктор Грозданов го прозва Филипче: Каде се фактите за тврдењата за рудниците

25.09.2026

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

25.09.2026

Препорачани Вести

Уапсен полициски началник – падна во рацете на колегите

8 месеци ago

Уапсени 18 возачи низ државата за безобѕирно управување

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Иран гаѓал 19 бродови за две ноќи додека сообраќајот низ Ормускиот Теснец драстично опаѓа

    Иран гаѓал 19 бродови за две ноќи додека сообраќајот низ Ормускиот Теснец драстично опаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција: Ќе се бори за премиерската позиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МРТ го враќа „Скопскиот фестивал“: Новите музички таленти треба да добијат сцена за авторски песни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Двајца дедовци претворија пункт на „Вајлдберис“ во Русија во вистински боречки клуб

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ПРЕСУДАТА ВО ХАГ ГИ ИЗВЕДЕ ДЕМОНСТРАНТИТЕ НА ПЛОШТАД: Протест во Скопје за Тачи и поранешните водачи на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.