вторник, август 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

ВИДЕО – Коњановски: Подобра спортска инфраструктура за младите и учениците во Битола

by Redakcija
01.05.2026
in Република

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека општината заедно со Владата на Македонија сериозно вложува во развојот на спортската инфраструктура, со посебен акцент на училишниот спорт и условите за младите.

Тој денеска се осврна на два значајни проекти што се реализираат во дворот на ОУ „Даме Груев“ – изградбата на затворен базен и нови повеќенаменски спортски игралишта, кои ќе претставуваат современ спортски комплекс за учениците.

Коњановски посочи дека проектот за затворениот базен е доведен во напредна фаза во соработка со Министерството за спорт, иако претходно бил стопиран.

– Како одговорна локална самоуправа, активно ја следиме состојбата и сите потребни инвестиции ќе бидат реализирани за објектот да ги исполнува сите стандарди и да обезбеди квалитетни услови за користење – истакна Коњановски.

Тој додаде дека изведувачот на градежните работи постапува по забелешките на надзорот, додека партерното уредување околу базенот ќе се реализира по завршувањето на спортските игралишта, поради пристапот на механизацијата.

Општината, како што нагласи, веќе ги има завршено своите обврски во делот на водоводниот, канализациониот и електричниот приклучок.

Повеќенаменските игралишта, со вкупна површина од 1.311 квадратни метри, ќе бидат наменети за ракомет, кошарка и одбојка, а проектот е финансиран преку вториот владин повик, преку Министерството за образование и наука.

Коњановски порача дека ваквите инвестиции се клучни за унапредување на спортот меѓу младите и создавање подобри услови за училишни и воннаставни активности.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

…

Related Posts

ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа

10.08.2026

Утре без струја делови од Тетово, Теарце, Боговиње и други села

10.08.2026

Инспекторатот во акција: Се ослободуваат тротоарите во Тетово

10.08.2026
Големата повелба на хуманизмот врачена на г.г. Стефан по повод 40 години од замонашувањето

Големата повелба на хуманизмот врачена на г.г. Стефан по повод 40 години од замонашувањето

09.08.2026

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

09.08.2026
Радост во Кочани: Седум новороденчиња за само два дена

Радост во Кочани: Седум новороденчиња за само два дена

09.08.2026

Препорачани Вести

Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Прекин на електрична енергија во дел од Чаир

4 месеци ago

Македонската берза речиси непроменета: МБИ10 на 9.724,54 поени, најтргувани акциите на Комерцијална банка

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе улици во Скопје утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Тетово, Теарце, Боговиње и други села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данска воведува строги мерки во училиштата – блокирање на ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Масовен напад длабоко во Русија: 13 загинати и 39 повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.