среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Во четврток почнува Винскиот фестивал Битола: Три вечери вино, музика и градска атмосфера пред Офицерски дом

by Redakcija
04.05.2026
in Магазин

Битола, 4.05.2026 – Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола, кое денеска беше најавено на прес-конференција во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерски дом.

Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ја надополни културно-забавната понуда на Битола и да создаде уште еден повод за дружење, дегустација и уживање во отворена фестивалска атмосфера.

Деталите за првото издание ги соопштија претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов, градоначалникот на Општина Битола, прим. д-р Тони Коњановски, директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, како и претставник на бендот Паркети, кој е дел од музичката програма на фестивалот.

Со крајот на работната недела стартуваат трите вечери со внимателно одбрана музичка програма, домашни винарии, гастрономска понуда и атмосфера што треба да го продолжи препознатливиот мајски ритам на градот. Според Пане Темов амбицијата е фестивалот да прерасне во препознатливо случување за Битола.

„Ова е прво издание на Вински фестивал Битола, но идејата е фестивалот да стане традиција и секоја година да носи нова енергија во градот. Сакаме да создадеме настан кој ќе ги поврзе љубителите на доброто вино, домашните винарии, музиката и градското дружење. Битола има публика која знае да препознае добар настан, а виното е култура, приказна и повод луѓето да се сретнат во убава атмосфера“, истакна Темов.

Фестивалската програма е замислена како спој на различни музички вкусови и генерации. На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов, Lockdown, Камерен оркестар Битола, DJ Гоце Саф, Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“. Организаторите најавуваат програма што го следи духот на Битола, разновидна, урбана и опуштена, со доволно простор и за концертна атмосфера и за лежерно фестивалско дружење. 

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии. Винската култура кај нас сè повеќе се развива како препознатлив дел од гастрономската и туристичката понуда. Затоа и виното, како што беше посочено на прес-конференцијата, не е само пијалак, туку дел од традицијата, од современиот начин на уживање и од приказната за локалните производители.

Градоначалникот на Општина Битола, прим. д-р Тони Коњановски, го поздрави одржувањето на фестивалот, нагласувајќи дека Битола и годинава продолжува со настани што го збогатуваат културниот и забавниот живот на градот.

„Битола има силна фестивалска традиција и публика која знае да ја живее градската атмосфера. Поддршката за вакви настани е поддршка за локалната култура, за туризмот и за угостителството. Но, овие урбани случувања носат  препознатливост и за градот. Вински фестивал Битола се одржува првпат, но има потенцијал да стане дел од календарот на манифестации по кои градот ќе биде уште попривлечен за посетители“, истакна Коњановски.

Директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, посочи дека Офицерски дом е природна сцена за ваков тип настани, бидејќи претставува еден од најрепрезентативните простори во градот.

„Офицерски дом е простор кој има посебна симболика за Битола. Затоа ни е важно тука да привлечеме новите настани кои ја зближуваат публиката. Вински фестивал Битола носи токму таква енергија, културна, музичка и градска“, истакна Михајловски.

Претставникот на бендот „Паркети“ најави дека настапот на фестивалот ќе биде дел од финалната вечер и дека публиката може да очекува концертна енергија што одговара на отворениот, градски карактер на настанот.

Првото издание на Вински фестивал Битола ќе се одржи од 7 до 9 мај 2026 година, на платото пред Офицерски дом во Битола.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од проценките: Научниците предупредуваат на поголем ризик за крајбрежјата

21.10.2026

Научниците конечно ја разрешија големата мистерија зад култните статуи на Велигденскиот Остров

21.10.2026

Акциите на „Нетфликс“ паднаа за над пет отсто, се најавуваат околу 1.000 откази

21.10.2026

Еден час повеќе за спиење: Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

21.10.2026

Гори бавно, а жарот трае долго: Ова дрво заслужува внимание пред зимата

21.10.2026

Со љубов кон македонскиот јазик: Заедничко учење и дружење во Австралија

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Реорганизација на Nissan: помалку магацини, канцеларии и административен кадар

Реорганизација на Nissan: помалку магацини, канцеларии и административен кадар

6 месеци ago
МАЕ: Светот се соочува со најголем енергетски шок во историјата

МАЕ: Светот се соочува со најголем енергетски шок во историјата

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Средба на Архиепископот Стефан со шефот на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на САД во Скопје Бредли Гарднер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама со нов удар по учесниците во насилствата: Најави забрани за патување, превоз и хотели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.