среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност

by Redakcija
05.05.2026
in Економија, Топ Вести

5 мај 2026 година, Скопје– Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски дијалог, кој што се одржа денеска во Брисел.
Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог се дискутираше за  економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и препораки за таргетирани политики за секоја земја, коишто треба да се спроведат во наредниот период.  

„Ограничениот фискален простор е најитното прашање пред министрите за финансии по неколку последователни кризи и силната фискална поддршка обезбедена за време на пандемијата“, истакна министерката.

Таа нагласи дека, и покрај предизвиците поврзани со глобалните случувања и новите енергетски притисоци, македонската економијата се очекува да продолжи со стабилен раст, со умерено забавување на краток рок и постепено забрзување на среден рок, при што внимателно се следат ризиците од влошување на геополитичката состојба.

Ограничениот фискален простор, како што посочи министерката, претставува еден од клучните предизвици, што бара внимателно балансирање помеѓу потребата од инвестиции и одржувањето на фискалната стабилност.

„Фискалната консолидација е постепена, а економскиот раст на Македонија во наредниот период ќе биде главно поттикнат од инвестиции во транспортната инфраструктура, здравството, образованието и земјоделството. Исто така, имајќи ја предвид брзата промена на геополитичката клима, енергетскиот сектор добива приоритет, бидејќи достапноста и пристапноста на електричната енергија стануваат клучни за растот, инвестициите и политичката агенда. Ова бара значителни напори за балансирање помеѓу финансиските потреби за инвестиции и ограничениот фискален простор“, кажа министерката.

Дополнително, министерката потенцираше дека фокусот е ставен на спроведување реформи за подобрување на управувањето со јавните финансии преку постепена фискална консолидација, унапредување на управувањето со јавните инвестиции, дигитализација и воведување е-фактура, намалување на неформалната економија и подготовка на извештај за даночни расходи и ревизии на трошењето.

Министерката посочи дека европскиот процес останува клучен двигател на реформите, коишто се насочени кон структурна трансформација на економијата, енергетска и дигитална транзиција и подобрување на деловното опкружување.

Во заедничките заклучоци од состанокот беше нагласена потребата од продолжување на фискалната консолидација преку конкретни мерки со цел намалување на буџетскиот дефицит и создавање дополнителен фискален простор.

Економскиот и финансиски дијалог претставува годишен дијалог за економска политика. На Економскиот и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка,  како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина.

…

Related Posts

Божиновска: Праведната енергетска транзиција мора да донесе конкретни инвестиции и сигурна енергетска иднина

16.09.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,19 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид

16.09.2026

Николоски: Македонија е централна транзитна држава на европскиот транспорт

16.09.2026

Коњановски: Битола е горда со младиот спасител Михаил Николовски

16.09.2026

Божиновска: Австриските компании се добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика

16.09.2026

Коњановски: Со Европската недела на мобилност до побезбедна и попристапна Битола

16.09.2026

Препорачани Вести

Проданоски најави текстуални измени на ГУП за забрзан развој на Прилеп

7 месеци ago
САД повлекуваат авиони, разурнувачи и подморници од НАТО

САД повлекуваат авиони, разурнувачи и подморници од НАТО

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензично на демонстрациите во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Праведната енергетска транзиција мора да донесе конкретни инвестиции и сигурна енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Xiaomi ја претставува серијата REDMI Note 17 во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.