понеделник, јуни 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна

by Redakcija
08.05.2026
in Економија

Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија.


Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со „Енергоинвест“ посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две реномирани адвокатски компании од САД чие мислење е дека МЕПСО има многу јака основа за арбитража.


Актуелното раководство на компанијата вели дека одлуката за раскинување на договорот во декември 2024 година е донесена врз основа на опсежна анализа и дека направена е и форензика на договорот во кој се анализирани сите аспекти на проектот, а консултирани се и финансиерите кои укажуваат дека дури и да му биле исплатени дополнителните 7,7 милиони евра што ги побарал Енергоинвест, сепак тие не би биле во можност да го реализираат проектот затоа што целосно се потрпеле на подизведувачи од струшко кои имале искуство во градежништвото, но не и во енергетиката.


Реализацијата на проектот од страна на Енергоинвест била само четири проценти на терен, односно биле поставени само 24 темели од вкупно планираните 269 темели, а компанијата во 2022 година го напуштила градилиштето и оттогаш до раскинувањето на договорот воопшто не се појавила.


Во текот на 2023 година од претходните раководства во АД МЕПСО на компанијата и биле понудени два анекси на договорот, едниот во вредност од 2,8 милиони евра и вториот од 4,5 милиони евра, но и двата се одбиени од страна на Енергоинвест. Во мај 2023 година, согласно договорот, истекува рокот за завршување на работите по што тогашниот Управен одбор на МЕПСО носи одлука за раскинување на договорот, но Надзорниот одбор ја стопира и повторно на Енергоинвест му се дава уште една шанса по што конечната одлука е донесена во декември 2024 година.

Убедени сме дека предметот ќе заврши во наша корист врз основа на сите документи и аргументи што ги имаме, велат од актуелното раководство на АД МЕПСО.


Посочуваат дека со неисполнување на обврските од страна на Енергоинвест, МЕПСО досега има изгубено 19,8 милиони евра.
Согласно одлуката од предистражното тело за спорови, МЕПСО треба да плати шест милиони евра оштета бидејќи еднострано го раскинала договорот со Енергоинвест.


Случајот доби и политичка позадина. Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) побараа истрага за актуелното раководство на МЕПСО обвинувајќи го сегашниот генерален директор Бурим Љатифи дека го поништил договорот со Енергоинвест и го заменил со компанија која е блиска до Милорад Додиќ.


Од ВРЕДИ пак посочуваат дека договорот имал сериозни проблеми како дополнителни финансиски барања, напуштање на градилиштето и загуби за државата и дека раскинувањето на договорот е направено врз институционална основа и професионална анализа.

….

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Скопје домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ

22.06.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

22.06.2026

Известување за сите невработени лица!

22.06.2026

Ова се новите цени на бензините и дизелот

22.06.2026

Неповратни до 20.000 евра грант за сопствен бизнис: Објавени јавните повици за самовработување

22.06.2026

Еве за колку ќе се намалат цените на горивата од понеделник

20.06.2026

Препорачани Вести

trump

Трамп тврди дека не знаел за израелскиот напад врз иранското гасно поле

3 месеци ago

Сончево и пријатно време денес: свежо утро, топло попладне и слаб Ветер низ земјава

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Што задолжително да понесете за децата на летен одмор? Совети од педијатар за безгрижно патување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворена најпознатата плажа во Грција: Рајска убавина што крие сериозни опасности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвав напад во Скопје: Малолетник избодел 31-годишен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Тетово и околните села утре без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.