среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Руски ТВ-прилог со список на цели во украинската престолнина

by Redakcija
08.05.2026
in Свет

Руската државна телевизија „Русија 1“ објави список на потенцијални цели во Киев кои би можеле да бидат погодени во случај на, како што наведуваат, „провокација“ или прекин на парадата за Денот на победата што ќе се одржи на 9 мај во Москва.

Во телевизискиот прилог биле прикажани повеќе локации во центарот на украинската престолнина, меѓу кои владините институции, украинскиот парламент, безбедносни објекти, но и дипломатски претставништва на странски држави.

Според изнесеното во емисијата, во евентуален одмазднички удар би можел да биде опфатен целиот владин кварт во Киев, од Маринскиот парк до зградата на Кабинетот на министри. Како можни цели биле споменати и Врховната рада, седиштето на украинската служба СБУ, како и објекти во близина на амбасадите на повеќе земји.

Во извештајот било посочено дека во густо населениот дел Шевченко се наоѓаат дипломатски претставништва на десетици држави, вклучително и на САД, Германија, Франција, Италија, Полска и Канада.

Пропагандистот Константин Книрик, кој учествувал во прилогот, директно ја спомнал улицата Банкова во Киев, каде се наоѓа кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдејќи дека Русија има способност да погоди и бункери што ги користи украинското раководство.

Тој додал дека, според него, украинските власти сериозно ги сфаќаат руските предупредувања, посочувајќи на зголемен интерес за изнајмување станови во западниот дел на Украина.

Објавата доаѓа во период на засилени тензии меѓу Москва и Киев пред одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата, кој традиционално се прославува со голема воена парада во руската престолнина.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Доналд Трамп со остра порака до Европа: Справете се сами со енергетската криза

Трамп: Цените на горивата нагло ќе паднат

06.10.2026

Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба уапсен поради сомневање за шпионажа

06.10.2026

Финскиот претседател: Колку повеќе Русија се заканува, толку посилно ќе ја поддржуваме Украина

05.10.2026

Цените на гасот растат, зимата се ближи: Стигна важна најава за снабдувањето

05.10.2026
zelenski

ЕУ исплати нови 2,9 милијарди евра за Украина: Вкупната поддршка надмина 32 милијарди

05.10.2026

ВИДЕО | Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Windows 11 интегрира Sysmon: Администраторите добиваат моќна алатка за безбедност без посебна инсталација

Windows 11 интегрира Sysmon: Администраторите добиваат моќна алатка за безбедност без посебна инсталација

8 месеци ago

Германски политичар ја обвини УЕФА за двојни стандарди по казната за Црвена Звезда

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Хари Потер се враќа со нови приказни: Две книги пристигнуваат во февруари 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 4 локации во Скопје без струја во четврток – проверете дали сте на списокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четврток без струја голем дел од Тетово и Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • К-15 мора да се исплати до крајот на декември: Ова е минималниот износ за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција низ цела Македонија: 34 возила за јавен превоз веднаш исклучени од сообраќај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.