вторник, август 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Генералниот секретар на Советот на Европа: Бугарија е должна да ги спроведе пресудите на ЕСЧП

by Redakcija
09.05.2026
in Македонија

Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права.

Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите.

– Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската за спроведување на сите пресуди на Европскиот суд за човекови права – изјави Берсе.

Тој потсети дека во последните две децении судот донел 14 пресуди во кои е утврдено прекршување на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на здружување.

Берсе истакна дека прашањето редовно се разгледува од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој го следи спроведувањето на судските пресуди во земјите-членки.

– Одлуките на судот се јасни и тие мора да бидат спроведени. Не можеме да прифатиме ситуација во која тие нема да се реализираат – нагласи генералниот секретар на Советот на Европа.

Тој додаде дека во последните месеци има одреден напредок во разговорите со Бугарија и изрази надеж дека ќе има позитивен исход.

Според Берсе, процесот на спроведување е сложен и бара време, но клучно е да се обезбеди трајно и квалитетно решение.

За време на неговата прва официјална посета на земјава, Берсе најави и нови активности поврзани со претстојното претседавање на Македонија со Комитетот на министрите на Советот на Европа во ноември следната година.

…

Related Posts

Утре почнува пописот во Австралија: Македонската заедница повикува на масовно изјаснување

10.08.2026

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

10.08.2026

На боледување, а на одмор во странство – Ова се последиците

10.08.2026

Николоски: Слава им на хероите кои ги дадоа животите за Македонија

10.08.2026

26 пожари за 24 часа во Македонија

10.08.2026
Големата повелба на хуманизмот врачена на г.г. Стефан по повод 40 години од замонашувањето

Големата повелба на хуманизмот врачена на г.г. Стефан по повод 40 години од замонашувањето

09.08.2026

Препорачани Вести

Самсунг (Samsung) ја носи апликацијата “Fender Play“ на почетниот екран на “Samsung” телевизорите

7 месеци ago

Голема акција на полицијата во Госривар – Запленети дрога и оружје, приведени три лица

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Разбојништво во обид во центарот на Скопје – Приведени малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Расчистено пукањето во Тетово: Три лица лишени од слобода, пукал со автоматска пушка кон куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Првата конечна листа на јавни инвестиции ќе донесе поефикасна реализација на капиталните проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски со апел поради топлотниот бран: „Здравјето и безбедноста на луѓето се на прво место“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.