петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Обвинителството ја затвори истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино: Нема докази за перење пари или штета врз ЕСМ

by Redakcija
12.05.2026
in Македонија
Обвинителството ја затвори истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино: Нема докази за перење пари или штета врз ЕСМ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја затвори истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу кои и бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

По повеќе од една година истражни проверки, обвинителството заклучило дека не постојат докази што потврдуваат дека осомничените ги сториле делата што им се ставале на товар, ниту пак дека е извршено друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Сомнежите што ја отворија истрагата се однесуваа на можни злоупотреби во постапките за набавка на мазут во периодот на енергетската криза, вклучително и наводи за незаконско склучување договори, анекси и перење пари. Но, според Обвинителството, собраните докази упатуваат на поинаква слика.

Во нивното образложение се наведува дека постапките се одвивале во услови на прогласена енергетска криза од страна на Владата, при што биле применети законски исклучоци предвидени во Законот за јавни набавки. Целта, како што тврдат од ОЈО ГОКК, била обезбедување континуирано производство на електрична енергија.

Истражителите анализирале обемна документација: од договори и финансиски извештаи, до вештачења и сведочења на претставници од ЕСМ, ТЕЦ Неготино и компании со лиценци за трговија со мазут. Според нив, компаниите биле контактирани на транспарентен начин, а дел од нив одлучиле да не учествуваат поради деловни ризици, високи финансиски гаранции или состојбата на пазарот.

Обвинителството дополнително истакнува дека снабдувањето со мазут било континуирано и без прекини, што овозможило непречено производство на електрична енергија во период кога државата не се соочувала со рестрикции. Дури и повеќе, се нагласува дека електричната енергија произведена во ТЕЦ Неготино била поевтина од онаа на слободниот пазар.

Во однос на финансиските аспекти, истрагата не утврдила штета ниту за ЕСМ ниту за државниот буџет. Измените во плановите за јавни набавки и склучувањето анекси, според Обвинителството, биле донесени преку надлежните органи на компанијата и потврдени од управни и надзорни тела.

И сомнежите за перење пари се отфрлени. Според анализата на трансакциите, исплатите и движењето на средствата, тие не покажуваат елементи на прикривање незаконски стекнат имот.

И покрај затворањето на истрагата, случајот не е целосно завршен, оштетената страна има право да поднесе приговор до Вишото јавно обвинителство во Скопје во рок од осум дена.

Постапката започна по претходни полициски приведувања и отворање истрага против 13 лица за злоупотреба на службена положба и перење пари, а во јавноста дополнително внимание предизвикаа и податоците објавени од Истражувачката репортерска лабораторија, според кои компанијата РКМ во периодот на енергетската криза продала големи количини мазут за ТЕЦ Неготино во вредност од над сто милиони евра.

…

Related Posts

Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

18.09.2026

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

18.09.2026

Мицкоски: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

18.09.2026

Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

18.09.2026

ДЗР утврди неправилности во исплатите во СЈО: Платите и надоместоците не биле според закон

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Препорачани Вести

Новите цени на горивата од полноќ

4 дена ago

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патник приведен пред лет од Скопје – во рачниот багаж имал куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово – маж со нож одзел пари и побегнал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.