Connect with us

Здравје

Диета на Жан Митрев: Ослабете 15 килограми за 19 дена

Published

on

Кога температурите ќе скокнат, гардеробата мора да биде минимална, ако на тоа се додаде и дека ќе сакате да изгледате убаво на плажа, време е да се ослободите од килограмите кои добивте периодов. Оваа диете ја препорачуваат докторите.

ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА (од болница-Кардиологија)

Доручекот е ист во текот на 15 дена, а се состои од 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, не смее банана и грозје) двопек, шоља кафе или чај без шеќер.

  1. ден

Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера
2 домати или 2 дл. варени домати
2 варени јајца
1/2 главица зелена салата или краставица
2 двопек

  1. ден

Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко

Вечера
125 гр.варено телешко месо
1 домат
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер

  1. ден

Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
1 главица зелена салата или краставица

Вечера
125 гр. варено телешко месо
1 портокал
1 двопек
1 шоља чај или кафе без шеќер

  1. ден

Ручек
125 гр. кравјо сирење
1 домат
1 двопек

Вечера
125 гр. варено телешко месо
2 домати
1 јаболко
1 двопек

  1. ден

Ручек
200гр.варено месо или риба
1 домат
1 двопек

Вечера
1/2 кг. варен зеленчук (морков, грашок, компир)
1 варено јајце
1 двопек

НАПОМЕНА:

Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со вегета.
6. и 7. ден се без диета.
За време на диетата не се пие алкохол.

После 5-тиот ден се губат 2,5 до 5 кг, а по два дена пауза диетата се повторува 3 пати (5 дена + 2 дена пауза) и се губат без последици по здравјето 15 кг. Килограмите нема да се вратат доколку по завршувањето на диетата јадете нормално освен секој понеделник.

Во понеделниците треба да се консумира:

Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер
Ручек: 1 јаболко,1 двопек
Вечера: 1 варено јајце,1 домат,1 двопек

Сите наведени намирници може да се земаат топли или ладни, но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не се изостави ниту една. Ако не се земаат по редослед или ако се промени некоја намирница, нема да се постигне саканиот ефект.

Здравје

ЕДНА ИСПУШЕНА ЦИГАРА КРАТИ 20 МИНУТИ ОД ЖИВОТОТ Дали пушењето е поштетно за мажите или за жените?

Published

on

Најновото истражување заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Најновото истражување открива дека пушењето сериозно го скратува животниот век, при што секоја испушена цигара им го намалува животот на мажите за 17 минути, а на жените за дури 22 минути. Ова се значително повисоки бројки од претходните проценки кои сугерираа загуба од 11 минути по цигара, објави британски Гардијан.

Истражувачите од „Јуниверзити колеџ“ (University College) во Лондон објавија дека штетата е кумулативна – колку порано пушачот ја остави оваа навика, толку повеќе животни години ќе добие. Анализата покажува дека ако пушач, кој консумира 10 цигари дневно, се откаже на 1 јануари, до 8 јануари ќе спречи губење на цел ден од животот.

До средината на февруари животот може да се продолжи за цела недела, а до август – за еден месец.

Студијата, нарачана од британското Министерство за здравство, заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Експертите апелираат – откажувањето од пушење на која било возраст носи значителни здравствени придобивки. Колку побргу се прекине оваа штетна навика, толку подолг и поздрав живот можат да очекуваат пушачите.

Continue Reading

Здравје

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ТИКВАТА: ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Published

on

Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:

pumpkins 457716 1280
  •     Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
  •     Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
  •     Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
  •     Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
  •     Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
  •     Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
pumpkin 2519423 1280

Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.

Continue Reading

Здравје

Ако сакате да се вратите во друштвото на непушачи, ова е бројот на кој од ДЕНЕС може да се јавите за помош

Published

on

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк