четврток, јули 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

by Redakcija
14.05.2026
in Економија

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

На настанот учествуваат претставници од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, кои преку стручни презентации и дискусии ќе разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот.

Во своето поздраво обраќање, главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека поддршката на вакви професионални и регионални иницијативи е целосно усогласена со долгорочната стратегија на компанијата.

„За ОКТА, поддршката на платформи како овој Симпозиум претставува инвестиција во знаење, соработка и регионално поврзување. Размената на искуства и добри практики помеѓу експертите и институциите од регионот е од исклучително значење за понатамошниот развој на секторот и за обезбедување највисоки стандарди за квалитет и безбедност, во интерес на потрошувачите и економијата. Како компанија ОКТА веќе одамна ја надминува улогата на најголем снабдувач на домашниот пазар и се развива во регионален енергетски центар, а токму нашата поддршка во развојот на ваквите партнерства и професионални мрежи се важен дел од таа визија“,изјави Пасхос.

Од Организацискиот комитет на Симпозиумот беше истакнато дека јубилејното десетто издание претставува потврда за растечкото значење на овој стручен собир во регионот.

„Во изминатите десет години Симпозиумот прерасна во препознатлива регионална платформа за професионална комуникација и соработка помеѓу лабораториите, институциите и компаниите од нафтениот сектор. Во време на сè построги стандарди, технолошки промени и потреба од поголема усогласеност со европските регулативи, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на квалитетот, сигурноста и довербата во целиот синџир на снабдување со горива“, истакна Данијела Јовиќ, претставник на организацискиот комитет на Симпозиумот.

Симпозиумот го отвори градоначалникот на Охрид, КирилПецаков, а преку видео обраќање го поздрави и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Соња Божиновска, која ја нагласи важноста на лабораториите и контролата на квалитетот во енергетскиот сектор, како и потребата од континуирана модернизација, регионална соработка и усогласување со европските стандарди.

Присуството на претставници од Министерството за енергетика, како и видео обраќањето на министерката, претставуваат силна институционална поддршка за улогата на лабораториите во системот за контрола на квалитетот на горивата, но и признание за достигнувањата на Симпозиумот и неговиот потенцијал да прерасне во уште поширока регионална и меѓународна платформа за размена на искуства и експертиза.

Во рамки на Симпозиумот беше потенцирана и важноста на модернизацијата и дигитализацијата на лабораториските капацитети, како предуслов за поголема точност, доверливост и усогласеност со највисоките европски и меѓународни стандарди. Во тој контекст беше истакнат примерот на ОКТА, која во изминатиот период изврши модернизација и дигитализација на опремата за тестирање во својата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата, со што таа го задржа својот статус на една од најсовремените капацитети од ваков тип во регионот. Лабораторијата на ОКТА е прва акредитирана лабораторија од ваков тип во земјата и функционира согласно највисоките европски и американски стандарди, обезбедувајќи контрола и анализи не само за потребите на компанијата, туку и за други увозници, институции и компании од земјата и регионот.

Учесниците на Симпозиумот нагласија дека иднината на секторот ќе зависи од уште поголема регионална соработка, размена на знаење, воведување нови технологии и постојано унапредување на системите за контрола и мониторинг на квалитетот на горивата, во интерес на потрошувачите, индустријата и животната средина.

…

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е добро решение и првпат носи околу 6 милијарди повеќе средства за капитални расходи

30.07.2026

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

29.07.2026

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

29.07.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,24 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

29.07.2026

Божиновска: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен

30.07.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,13 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

28.07.2026

Препорачани Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Малолетна девојка со тешки повреди

3 месеци ago

Нови искази на денешното рочиште за пожарот во дискотеката во Кочани

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е добро решение и првпат носи околу 6 милијарди повеќе средства за капитални расходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве колку се чека утрово на ГП „Богородица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овој Илинден, Македонија се чита“ – „Матица македонска“ со 10-дневна книжевна програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес утринава ја разбуди Хрватска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за четврток (30 јули): Љубовни изненадувања за Овен и Скорпија, големи кариерни успеси за Рак, Девица и Јарец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.