сабота, јули 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Евровизиска сензација во Виена: Бугарија ја покори Европа и ја грабна победата во драматичен финиш

by Уредник
17.05.2026
in Магазин

Бугарија е големиот победник на Евровизија 2026, кое вечерва спектакуларно се одржа во Виена. По драматично гласање и неизвесен финиш, бугарскиот претставник успеа да ја освои европската публика и да стигне до триумф на јубилејното издание на најголемото музичко шоу во Европа.

Финалната вечер започна со импресивно отворање во придружба на Виенскиот симфониски оркестар, а домаќини на шоуто беа Викторија Сваровски и Михаел Островски.

Во финалето настапија 25 земји, а годинава на сцената се пееја песни на дури 13 различни јазици, при што многу држави комбинираа мајчин јазик со англиски.

Вечерта ја отвори минатогодишниот победник Џеј-Џеј со песната „Кралицата на ноќта“, по што започна натпреварувачкиот дел.

Настапите ги отвори Данска, а потоа следуваа Германија, Израел, Белгија, Албанија, Грција, Украина, Австралија, Србија, Малта, Чешка, Бугарија, Хрватска, Обединетото Кралство, Франција, Молдавија, Финска, Полска, Латвија, Шведска, Кипар, Италија, Норвешка, Романија, додека финалето го затвори домаќинот Австрија.

Победникот беше избран преку комбинација од гласовите на националните жири-комисии и телефонското гласање на публиката. Годинава беше дозволено од еден телефонски број да се гласа најмногу десет пати.

Во ревијалниот дел, по повод 70 години Евровизија, на сцената настапија легендарни евровизиски имиња како Верка Сердучка, Александар Рибак, Руслана, Манс Зелмерлев, Lordi и Хелена Папаризу, кои потсетија на најголемите евровизиски хитови низ децениите.

Посебен момент беше заедничката изведба на легендарната „Volare“ на Доменико Модуњо, песна која важи за една од најпрепеваните во историјата на Евровизија.

Иако финското дуо Линда Лампениус и Пит Парконен со песната „Liekinheitin“ со месеци важеше за главен фаворит според обложувалниците, вечерта донесе големо изненадување.

Бугарија доминираше во гласањето од националните жири-комисии со освоени 204 поени, а потоа буквално експлодираше во телефонското гласање од публиката.

Во драматичниот финиш, последни во трката останаа Австралија и Бугарија, а бугарскиот претставник доби дури 516 поени од публиката и ја обезбеди победата.

Интерес предизвика и реакцијата во салата кога Израел кратко се најде на првото место според гласовите од публиката, по што се слушнаа извици на негодување.

И годинава продолжи традицијата на „добрососедско гласање“, па Црна Гора и Хрватска ѝ дадоа по 12 поени на Србија, додека Србија својата максимална оценка ја испрати за Грција.

Ова беше и прва Евровизија без Шпанија во рамки на „Големата петорка“, откако земјата се повлече поради учеството на Израел. Покрај Шпанија, учеството го откажаа и Ирска, Холандија, Словенија и Исланд.

Со победата на Бугарија, следното издание на Евровизија во 2027 година ќе се одржи токму таму, а евровизиската публика веќе зборува за едно од најнеизвесните и најспектакуларни финалиња во последните години.

Related Posts

Денешниот хороскоп носи љубовни изненадувања, финансиски пресврти и нови почетоци – проверете што ве очекува

04.07.2026

ВИДЕО: Средба со две млади срни кај Шар Планина – важна порака за зачувување на природата

03.07.2026

Промовирана првата поетска збирка „Лузни што зборуваат“ на Радица Таскова

03.07.2026

БОЖИНОВСКА: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна македонска економија – одржливоста повеќе не е избор, туку предуслов за успех

03.07.2026

Четири хороскопски знаци ги очекува месец од соништата – јули им носи среќа на сите полиња

03.07.2026

Ново археолошко богатство во Македонија: Градиште повторно ги изненади истражувачите

02.07.2026

Препорачани Вести

Суперлигата се враќа: Пелистер и Работнички во фокусот на 12. коло

5 месеци ago
Сончеви периоди и јужен ветер денес, од утре пообилни врнежи

Сончеви периоди и јужен ветер денес, од утре пообилни врнежи

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Гори тешко пристапен терен – ер трактори повторно активирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гасниот интерконектор со Грција во завршна фаза, готов во првата половина од 2027

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 56-годишна жена тешко повредена по удар од електричен мопед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу три скопјанки по сообраќајна расправија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода 15 лица во акција на полицијата – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.