сабота, јули 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Љубчо Георгиевски: „Македонец“ и „македонско“ отсекогаш постоеле во бугарската историја и литература

by Уредник
17.05.2026
in Македонија, Република

Љубчо Георгиевски преку објава на социјалните мрежи изнесе поширока анализа за македонско-бугарските односи, осврнувајќи се на неодамнешната изјава на новата бугарска министерка Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.


Претседателот на ВМРО-Народна партија оцени дека станува збор за „логична грешка“ која, според него, често ја прават странски дипломати и меѓународни претставници, изразувајќи уверување дека формулацијата ќе биде коригирана.


Во својата анализа Георгиевски посочи дека жестоките реакции на социјалните мрежи и во дел од бугарските медиуми се последица на атмосферата создадена за време на бугарското вето кон Македонија.
Тој смета дека таквите реакции претставуваат непотребен говор на омраза кој дополнително ги влошува односите меѓу двете држави.


Според Георгиевски, со воведувањето на ветото, Бугарија го презела врз себе незадоволството и гневот на македонските граѓани, кои претходно биле насочени кон Грција поради спорот за името.
Во историски контекст, поранешниот премиер нагласува дека термините „Македонец“ и „македонско“ биле трајно присутни во бугарската историска литература и често се користеле како синоними.


Тој оценува дека е „автогол“ за бугарската политика тоа што дозволила двата народа пред меѓународната заедница да бидат претставени како најголеми непријатели.
Георгиевски во анализата се осврнува и на влијанието на Србија во Македонија, оценувајќи дека додека Бугарија, како што вели, се радува на „ситни победи“ преку документи и извештаи, српската политика во меѓувреме го достигнува својот врв на влијание во земјата.


На крајот, лидерот на ВМРО-НП порачува дека по повеќе од еден век неуспеси околу македонското прашање, време е бугарските политичари и аналитичари да почнат да учат од методите на српската дипломатија.

Related Posts

На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска

04.07.2026

Тоневски: Лесновската ликовна колонија е културен амбасадор на Пробиштип

04.07.2026

Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници

04.07.2026

ВИДЕО: Трет пожар попладнево во Штип, евакуирани работници од Штипската млекара

03.07.2026

Археолошки сензации кај битолско Црнобуки: Откриени над 400 монети, меѓу нив и со ликовите на Филип Втори и Александар Велики

03.07.2026

Општина Битола: Презентиран Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2026 година

03.07.2026

Препорачани Вести

Црвениот крст обезбедува итна помош за жителите на Кичево погодени од поплавите

6 месеци ago
Николоски: Без заштита на домашните компании, Македонија ја губи економската битка

Николоски: Без заштита на домашните компании, Македонија ја губи економската битка

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Гасниот интерконектор со Грција во завршна фаза, готов во првата половина од 2027

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 56-годишна жена тешко повредена по удар од електричен мопед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу три скопјанки по сообраќајна расправија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода 15 лица во акција на полицијата – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.