понеделник, јули 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

АРСЕНАЛ Е ШАМПИОН НА АНГЛИЈА: „Топчиите“ ја урнаа доминацијата на Сити и по 22 години го освоија тронот!

by Уредник
19.05.2026
in Спорт

Арсенал и официјално е нов шампион на Премиер-лига, откако лондонскиот гигант ја прекина 22-годишната пауза без титула и повторно се искачи на врвот на англискиот фудбал.


Тимот предводен од Микел Артета ја обезбеди шампионската круна по ремито 1-1 на Манчестер Сити на гостувањето кај Борнмут, резултат што и математички го потврди Арсенал како нов шампион на Англија.
По три последователни сезони во кои завршуваше како вицешампион, Арсенал конечно успеа да ја заврши работата и да ја врати титулата на „Емирати“. „Топчиите“ беа лидери во најголем дел од сезоната, играјќи офанзивен и доминантен фудбал, но во април драмата достигна врв кога Манчестер Сити сериозно се доближи на табелата.


Поразот на Арсенал со 2-1 на „Етихад“ против тимот на Пеп Гвардиола изгледаше како момент што ќе ја сврти титулата кон Манчестер Сити, но избраниците на Артета покажаа карактер, се вратија со серија важни победи и успеаја да ја задржат предноста до самиот крај.


Ова е прва шампионска титула за Арсенал уште од легендарната сезона 2003/04, кога тимот предводен од Арсен Венгер ја освои лигата без ниту еден пораз и влезе во историјата како „Непобедливите“. Во таа историска сезона Арсенал забележа 26 победи и 12 нерешени натпревари, подвиг што и денес важи за еден од најголемите во англискиот фудбал.
Освојувањето на титулата ја прекинува и шестгодишната суша без трофеј за клубот од северен Лондон, а за Артета ова е втор голем трофеј како менаџер на Арсенал и најголем успех во неговата тренерска кариера досега.


Но сезоната за Арсенал сè уште не е завршена. Лондонскиот клуб сега има можност да испише уште поголема историја, бидејќи ќе игра во финалето на Лига на шампиони против актуелниот европски првак ПСЖ. Финалето ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, а Арсенал ќе се обиде за првпат во историјата да го освои најпрестижниот европски клупски трофеј.


Шампионскиот пехар од Премиер-лигата Арсенал ќе го подигне по последниот натпревар сезонава против Кристал Палас, по што се очекува големо славје меѓу навивачите кои повеќе од две децении чекаа нова титула.


Улиците во северен Лондон веќе се преплавени со навивачи на Арсенал кои слават историски успех и враќање на клубот на самиот врв на англискиот фудбал.

Related Posts

Најдобрите четири репрезентации тргнуваат по светската круна: Спектакуларни полуфиналиња на Мундијалот 2026

Најдобрите четири репрезентации тргнуваат по светската круна: Спектакуларни полуфиналиња на Мундијалот 2026

12.07.2026
(ФОТО | ВИДЕО) Интернетот во неверување: Русинка неверојатно личи на Ерлинг Халанд – „Не ви треба ДНК тест“

(ФОТО | ВИДЕО) Интернетот во неверување: Русинка неверојатно личи на Ерлинг Халанд – „Не ви треба ДНК тест“

09.07.2026

Мурињо: Срамота е во што се претвора фудбалот, ова е грабеж!

08.07.2026
(ВИДЕО) Аргентинските навивачи направија шоу со робот: Му облекоа дрес и го натераа да танцува со нив

(ВИДЕО) Аргентинските навивачи направија шоу со робот: Му облекоа дрес и го натераа да танцува со нив

05.07.2026
Дешамп по пласманот во четвртфинале: Парагвај играше премногу грубо, Мбапе беше главна мета

Дешамп по пласманот во четвртфинале: Парагвај играше премногу грубо, Мбапе беше главна мета

05.07.2026

Контроверзија што го тресе фудбалот: Дали сензорот во топката ја елиминираше Хрватска?

03.07.2026

Препорачани Вести

pari

Доларот ослабува откако Врховниот суд на САД ја ограничува трговската моќ на Трамп, евротп и фунтата со растечка вредност

5 месеци ago

Расте бројот на барања за одбивање на воена служба во Германија

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Полицијата распиша меѓународна потерница – Се бара ова лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Омиленото летувалиште на многумина воведе драконски казни: За навидум безопасна работа следува глоба од 750 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диететичарка ја открива вистината за мајонезот: Со години живеевме во заблуда дека е нездрав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите ги фрлаат семките од лубеницата, а не знаат дека вредат како злато: Еве што треба да направите со нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во „Пулс“, тврди вештакот Марковски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.