понеделник, септември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност

by Redakcija
23.05.2026
in Економија

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа  ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. 

На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. 

Претставниците на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставниците на МЕМО, ги презентираа актуелните проекти и активности, како и плановите за претстојниот период. 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на состанокот нагласи дека клучен приоритет на Министерството е одржување на стабилноста на енергетскиот систем, навремена реализација на проектните активности, како и обврските во однос на Реформската агенда.  Како потврда на досегашната одлична работа на Владата на ова поле стигна и од самата ЕК. Имено согласно на комисијата, Македонија е најнапредна во однос на Реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, односно преку Инструментот за реформи и раст.

Од ЕСМ информираа дека имаат активни проекти кои се потврдени во листата за тековни јавни инвестиции. Воедно, беа презентирани и проекти кои се во фаза на иницирање и дополнително треба да бидат вклучени на листата. На состанокот беше претставен и детален финансиски преглед за периодот Q1 2020–2026 година, кој ги опфаќа приходите, расходите и добивките/загубите, при што беше потенциран позитивниот финансиски резултат во првиот квартал. 

МЕПСО информираше за остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, при што е евидентирана добивка во првиот квартал. На состанокот беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и информацијата дека од јануари 2026 година аукциите за прекугранични капацитети со Србија и Бугарија ги спроведува JAO. Дополнително, беше разгледан напредокот на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои Битола–Елбасан, ТС Охрид, East-West Corridor и останатите проекти кои се дел од проектната листа на компанијата.

Од страна на НОМАГАС беше истакнато дека досега се започнати и се во различна фаза на напредок повеќе значајни делници од националната гасоводна мрежа, меѓу кои Клечовце–Неготино, Неготино–Битола и Скопје–Тетово–Гостивар, додека во тек се активности за понатамошно проширување кон Кичево и други региони. Компанијата активно работи и на реализација на стратешкиот гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи директно поврзување со европската гасна мрежа и пристап до нови извори на природен гас и LNG терминали.

МЕМО информираше дека се очекува со потпишувањето на Одлуката на Министерскиот совет за меѓусебно признавање на Гаранциите за потекло да се овозможи поврзување со ЕУ зоната. Воедно, беа разгледани активностите поврзани со процесот на пазарно спојување, тековните приоритети на операторот и нивното целосно правно членство во AIB.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму ќе продолжи со заложбите за обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем.

…

Related Posts

Македонија лидер на Балканот: Сонцето ни произведе струја за 26% од годишната потрошувачка

26.09.2026

Сонцето произведе најмногу струја во јули, Македонија покри 94,7% од потрошувачката

26.09.2026

Божиновска: Енергетската заедница со потврда за Македонија – силен раст на ОИЕ и напредок кон целите за 2030

25.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,68 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25.09.2026

Виктор Грозданов го прозва Филипче: Каде се фактите за тврдењата за рудниците

25.09.2026

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

25.09.2026

Препорачани Вести

Тројно убиство ја потресе Бугарија

8 месеци ago
Извор: Царинска Управа

Разбиена мрежа за шверц на медицински препарати: Уапсена сопственичка на салон за убавина

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Иран гаѓал 19 бродови за две ноќи додека сообраќајот низ Ормускиот Теснец драстично опаѓа

    Иран гаѓал 19 бродови за две ноќи додека сообраќајот низ Ормускиот Теснец драстично опаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција: Ќе се бори за премиерската позиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МРТ го враќа „Скопскиот фестивал“: Новите музички таленти треба да добијат сцена за авторски песни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Двајца дедовци претворија пункт на „Вајлдберис“ во Русија во вистински боречки клуб

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ПРЕСУДАТА ВО ХАГ ГИ ИЗВЕДЕ ДЕМОНСТРАНТИТЕ НА ПЛОШТАД: Протест во Скопје за Тачи и поранешните водачи на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.