вторник, мај 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно влегува во собраниска процедура

by Redakcija
26.05.2026
in Македонија

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети ветувања, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон и веќе е ставена во собраниска процедура, реагираат од ВЛЕН.

Од коалицијата оценуваат дека станува збор за историски момент за Албанците, но и за концептот на институционална еднаквост во државата. Посочуваат дека законот добил позитивна оценка од Комисијата од Венеција, е целосно усогласен со Уставот и ги поминал сите домашни и меѓународни политички и правни филтри.

„Ова јасно покажува дека станува збор за сериозно, одржливо и правно заштитено решение“, велат од ВЛЕН.

Од таму додаваат дека со години многумина зборувале за правата на Албанците, но, како што велат, никој немал храброст или политичка волја процесот да го доведе до крај.

„Денес, кога процесот конечно се конкретизира, одредени групи се обидуваат да создадат магла преку задоцнети реакции и емотивни изјави за медиумите. Но граѓаните ја препознаваат разликата меѓу тие што само зборуваат и тие што носат конкретни одлуки“, се наведува во реакцијата.

Од ВЛЕН сметаат дека секој обид за релативизирање на процесот претставува политичка бучава и барање медиумско внимание, потенцирајќи дека процедурата е започната, правната поддршка постои, а политичката волја е цврста.

„Денес не е време за пропаганда, туку за резултати. А најголемиот резултат е што една 23-годишна неправда конечно завршува“, порачуваат од ВЛЕН.

…

Related Posts

ВАЖНО известување за патарините во Македонија

26.05.2026
Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за продлабочена стратешка соработка

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за продлабочена стратешка соработка

26.05.2026
Мицкоски: Македонија е подготвена за реформи, но не и за идентитетски компромиси

Мицкоски: Македонија е подготвена за реформи, но не и за идентитетски компромиси

26.05.2026
Николоски и Бутковиќ во Охрид: Унапредување на транспортните врски и економската соработка меѓу Македонија и Хрватска

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Унапредување на транспортните врски и економската соработка меѓу Македонија и Хрватска

26.05.2026
Мицкоски го пречека Пленковиќ во Охрид: Македонија и Хрватска ја зајакнуваат соработката

Мицкоски го пречека Пленковиќ во Охрид: Македонија и Хрватска ја зајакнуваат соработката

26.05.2026
Почина поранешниот дипломат и новинар Мартин Треневски

Почина поранешниот дипломат и новинар Мартин Треневски

26.05.2026

Препорачани Вести

ХОРОСКОП ЗА 9 ФЕВРУАРИ: Ден на вистини и пресврти – ништо нема да може да се сокрие

2 месеци ago

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче се кријат зад „проевропска“ реторика, а водат политика на отстапки

3 недели ago

Популарни Вести

  • Потпишан меморандум за енергетска соработка меѓу Македонија и Хрватска во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обновена железничка линија меѓу Солун и Лерин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,10 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВАЖНО известување за патарините во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно влегува во собраниска процедура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.