петок, мај 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Дали Русија ја премина црвената линија? Дрон удри во станбена зграда на членка на НАТО

by Уредник
29.05.2026
in Свет

Сериозен безбедносен инцидент се случи во Романија откако руски дрон удри во станбена висококатница во градот Галати, кој се наоѓа во непосредна близина на границата со Украина. Нападот предизвика пожар на десеттиот кат од зградата, а две лица се здобиле со полесни повреди и биле згрижени на лице место.


Според информациите од романското Министерство за внатрешни работи, дронот навлегол во романскиот воздушен простор за време на нов бран руски напади врз цивилна инфраструктура во Украина. Министерството за одбрана соопшти дека во текот на ноќта Русија повторно извршила масовни напади со беспилотни летала врз украинските погранични области, при што едно летало завршило на територијата на Романија.

Поради инцидентот, романските воздухопловни сили подигнале два борбени авиони Ф-16 од воздухопловната база Фетешти во 01:19 часот по полноќ. Во акцијата биле вклучени и воени хеликоптери, а властите соопштија дека ситуацијата била исклучително динамична и внимателно следена.

По ударот на дронот, на местото веднаш бил испратен специјализиран тим за истрага на експлозии, кој започнал со увид и собирање докази. Според Министерството за внатрешни работи, во првите часови по инцидентот не биле забележани други беспилотни летала во областа.

Галати се наоѓа на брегот на Дунав и е оддалечен само неколку километри од границите со Украина и Молдавија. Украинското пристаниште Рени, кое се наоѓа во непосредна близина, често е мета на руски воздушни напади.

Ова не е прв ваков случај во Романија. Во изминатите месеци повеќепати биле пронајдени остатоци од руски дронови во пограничните региони. Пред околу еден месец, друг руски дрон се урна во близина на Галати и удри во помошен објект на станбена зграда, но тогаш немаше повредени лица.

Инцидентот предизвика остри реакции од романските власти. Министерството за надворешни работи на Романија го оцени нападот како „сериозна и неодговорна ескалација од страна на Русија“ и соопшти дека за случајот биле информирани сите сојузници во НАТО, како и генералниот секретар на Алијансата.

Романија побарала забрзување на испораката на системи за заштита од беспилотни летала со цел подобро обезбедување на источната граница на Алијансата.

По инцидентот реагираше и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која оцени дека Русија „преминала уште една црвена линија“.

„Изразуваме целосна солидарност со Романија и нејзиниот народ. Додека продолжуваме да ја зајакнуваме нашата безбедност и одбранбени капацитети, ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија“, порача фон дер Лајен преку социјалната мрежа X.

Од НАТО, пак, соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата. Портпаролката на Алијансата Алисон Харт истакна дека генералниот секретар Марк Руте е во постојан контакт со романските власти и нагласи дека НАТО ќе продолжи да ги зајакнува своите одбранбени способности против сите закани, вклучително и беспилотните летала.

Војната во Украина трае повеќе од четири години, а руските напади со ракети и дронови врз украински градови и инфраструктура продолжуваат речиси секојдневно. Поради близината на фронтот, пограничните области на Романија сè почесто се соочуваат со безбедносни ризици поврзани со конфликтот.

Related Posts

Медведев: Германско приближување кон нуклеарно оружје би било безбедносна закана

Медведев ја обвини ЕУ дека влегла во војна со Русија: Заврши мирниот сон

29.05.2026

Вандализиран македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ во Сиднеј

29.05.2026

Руски дрон удри во станбена зграда во Романија

29.05.2026

(ВИДЕО) ДЕТАЛИ ОД НАПАДОТ ВО РОМАНИЈА: Рускиот дрон пробил неколку ката од станбена зграда и експлодирал, повредени мајка и 14 годишно дете

29.05.2026

РУТЕ ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ГАЛАЦ: НАТО ќе го брани секој сантиметар од Романија по ударот на рускиот дрон

29.05.2026

Романската армија имала само 4 минути за реакција и не успеала да го собори рускиот дрон што удри во станбена зграда

29.05.2026

Препорачани Вести

Трамп со жестока порака до Техеран: „Време е Иран да добие ново лидерство“

4 месеци ago

Питер Далас – човекот кој по 70 години откри дека е Македонец и ја создаде програмата „Birthright Macedonia“

4 недели ago

Популарни Вести

  • Медведев: Германско приближување кон нуклеарно оружје би било безбедносна закана

    Медведев ја обвини ЕУ дека влегла во војна со Русија: Заврши мирниот сон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција најави мерки за намалување на гужвите на Евзони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гужви и нервоза на границите со Грција по новите европски правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведени четворица државјани на Албанија за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вандализиран македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ во Сиднеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.