четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Во Скопје започна снимањето на новиот македонски филм „Пролетно чистење“

by Redakcija
29.05.2026
in Магазин

Во скопската населба Пржино започна снимањето на долгометражниот игран филм „Пролетно чистење“, дебитантско остварување на режисерката Марија Апчевска-Петровска, која го потпишува и сценариото заедно со Ереник Беќири.

Филмот ја следи приказната за Варава, ќерка која по самоубиството на својата мајка се враќа во родниот град, каде се соочува со минатото и со мистериозни случувања кои сугерираат дека нејзината мајка се вратила од задгробниот живот.

Во главните улоги настапуваат Јулиа Марковска-Фалзон и Зоја Николова, за кои ова е прво филмско искуство, а дел од актерската екипа се и Стефан Вујисиќ, Ана Костовска и Ника Розман.

Директор на фотографија е Константинос Кукулис од Грција, додека во авторската екипа се вклучени и филмски професионалци од Србија, Словенија и Македонија. За монтажата е задолжен Драган Вон Петровиќ, костимограф е Лидија Андриќ, а шминката и маската ги работи Мојца Горогранц Петрушевска. Македонскиот дел од екипата го сочинуваат и Кирил Спасески како дизајнер на продукција и Игор Поповски како тон-мајстор.

Филмот е во продукција на „Кино Око“ на Роберт Насков, а финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, како и од филмските центри на Словенија, Грција и Србија. Проектот добил поддршка и од европскиот фонд EURIMAGES и програмата МЕДИА.

Апчевска-Петровска зад себе веќе го има успешниот краткометражен филм Северен пол, кој беше првиот македонски филм прикажан во официјалната конкуренција на Кански филмски фестивал и освои бројни награди на светските фестивали.

Related Posts

Заборавете на ладното бело светло: Овој тренд со светилки го прави домот потопол

17.09.2026

Се остварува ли предвидувањето на Нострадамус старо 500 години? Денес го поврзуваат со вештачката интелигенција

17.09.2026

Новото Југо ќе биде хибрид, но цената е најголемото изненадување

17.09.2026

Еве како Waze и Google Maps знаат каде има полиција

17.09.2026

Дневен хороскоп за 17 септември: Љубовни изненадувања, важни одлуки и нови можности за сите знаци

17.09.2026

Прва прогноза за зимата: Што ја очекува Европа, а што Балканот?

16.09.2026

Препорачани Вести

Спречен увоз на над 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

3 месеци ago

ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Уапсен атентаторот од Македонија Андреј Танасковски

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Нападнал полицаец со остар предмет – поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе населени места во Тетовско утре ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глаголицата на новите хрватски дресови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.