среда, јули 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Над 1.000 планинари дел од 44. традиционално искачување на Титов Врв на Шар Планина

by Уредник
31.05.2026
in Магазин, Македонија

Шар Планина денеска беше во знакот на планинарството, дружењето и љубовта кон природата, откако повеќе од 1.000 планинари од Македонија и регионот учествуваа на 44. традиционално искачување на Титов Врв, една од најмасовните и најпрепознатливи планинарски манифестации во државата.

Настанот, кој го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, започна со детска едукативна тура и низа активности за најмладите, а кулминираше со главното искачување кон највисокиот врв на Шар Планина.

Планинарите традиционално тргнаа од Попова Шапка по познатата Вакуфска патека, совладувајќи ја маршрутата до Титов Врв во атмосфера исполнета со спортски дух, заедништво и почит кон природата.

Покрај планинарските активности, посетителите имаа можност да уживаат и во дополнителни содржини организирани на Попова Шапка. Во рамки на манифестацијата беше поставен планински базар со локални производи, традиционални ракотворби и автентични специјалитети од регионот, додека музичката програма придонесе за празнична атмосфера меѓу учесниците и гостите.

Организаторите истакнаа дека и годинава настанот поминал во духот на долгогодишната традиција и ги обединил љубителите на планината од различни генерации и држави.

Традиционалното искачување на Титов Врв е дел од официјалниот календар на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и важи за еден од најзначајните планинарски собири во земјата.

Со повеќе од четири децении традиција, оваа манифестација останува симбол на планинарскиот дух, спортската рекреација и љубовта кон природните убавини на Шар Планина.

Related Posts

Постои одлична намирница која без грижа на совест можете да ја јадете и пред спиење: Може да помогне дури и при слабеење

22.07.2026

Еден вид автомобилски гуми може значително да ви заштеди пари, но многумина занемаруваат една важна работа

22.07.2026

Ноќевање 35 евра, ручек 5 евра, кафе едно евро: Постои место на Јадран каде што можете да поминете евтино

22.07.2026
Тројца лекари сами пријавиле дека биле преплатени: Вратиле 25.000 евра

Може ли ChatGPT да го замени лекарот?

22.07.2026

Мицкоски по силното невреме: Штетите ќе се рефундираат од надлежните институции

22.07.2026

Ветер од 134 км/ч беснеел во Македонија – УХМР објави детали за орканот што направи хаос

22.07.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Додека ПСЖ во еуфорија славеше европска титула, Маркињос тргна во друга насока – потег што го расплака фудбалскиот свет

2 месеци ago

Северниот Арал повторно оживува: нивото на водата порасна за 42%, се враќа и рибниот фонд

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре без струја повеќе места во Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Постои одлична намирница која без грижа на совест можете да ја јадете и пред спиење: Може да помогне дури и при слабеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еден вид автомобилски гуми може значително да ви заштеди пари, но многумина занемаруваат една важна работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ноќевање 35 евра, ручек 5 евра, кафе едно евро: Постои место на Јадран каде што можете да поминете евтино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерството за енергетика успешно ги реализира обврските од Реформската агенда – силна динамика и континуиран напредок во енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.