четврток, октомври 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Шокантни сцени од Охридското Езеро: Нуркачите извлекоа отпад колку за опремување цел трособен стан

by admin
31.05.2026
in Република

Охридското Езеро и натаму се соочува со сериозен проблем со загадувањето, а количините отпад што секојдневно се извлекуваат од неговото дно се загрижувачки. Нуркачите и волонтерите кои денеска учествуваа во акција за чистење во реонот на селото Калишта предупредуваат дека на дното има толку многу отпад што со него би можел целосно да се опреми еден двособен стан.

Автомобилски гуми, градежен шут, пластични столови и маси, како и големи количини стаклена амбалажа се само дел од предметите кои редовно се извлекуваат од езерото. Според нуркачите, значителен дел од отпадот завршува во водите директно од брегот или од пловни објекти.

Локалните нуркачки клубови велат дека при секоја нивна акција за чистење се соочуваат со огромни количини отпад, дури и на локации кои важат за туристички атракции и најпосетувани делови од крајбрежјето.

Како особено критична точка се посочува делот кај Радожда, кој според нуркачите е меѓу најзагадените подрачја во езерото.

Во денешната еколошка акција во Калишта, покрај домашните нуркачи, учествуваа и гости од Србија и Хрватска, кои испратија порака дека природно богатство како Охридското Езеро заслужува максимална грижа и заштита.

Поддршка за иницијативата дадоа и претставници од туристичкиот сектор, кои сметаат дека зачувувањето на езерото е од суштинско значење за иднината на туризмот во регионот.

Акцијата се реализираше под мотото „Нов живот за езерото“, а ја организираа Клубот за подводни активности „Езерски Пулс“ и Нуркачкиот клуб „Скаут“ од Струга.

Покрај нуркачите и еколошките активисти, во чистењето учествуваа и голем број волонтери, млади луѓе и граѓани кои помогнаа во собирањето, селектирањето и отстранувањето на отпадот извлечен од езерското дно.

Организаторите апелираат до граѓаните и посетителите да покажат поголема грижа кон природата и да не дозволат едно од најстарите и највредни езера во Европа да продолжи да се претвора во депонија.

Related Posts

Општина Битола: Потпишан Меморандум за соработка меѓу индустриските зони од Западен Балкан и ЕУ

01.10.2026

Ѓорчески-Ципа, Поп Диме Саров и Сане Ристов-Гуле меѓу предлозите за тетовски улици

01.10.2026

Нова инвестиција во битолскиот водовод: Се реконструира мрежата на „Христо Ботев“

30.09.2026

Планирани прекини на струјата во Брвеница, Теарце и Желино

29.09.2026

Битола и Будва чекор поблиску до збратимување: Коњановски разговараше со Никола Јовановиќ

29.09.2026

Општина Битола ја засилува механизацијата на „Нискоградба“ со нов „HIDROMEK“

29.09.2026

Препорачани Вести

Битолчанец нападнал обезбедување во казино

2 месеци ago
Одборот за мир како алатка за приватизација на глобалниот поредок

Трамп го отвора првиот состанок на Одборот за мир

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола: Потпишан Меморандум за соработка меѓу индустриските зони од Западен Балкан и ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорчески-Ципа, Поп Диме Саров и Сане Ристов-Гуле меѓу предлозите за тетовски улици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цените на горивата летаат до небо, па во Германија сè попопуларен е овој тренд: „Ќе наточат до врв, а потоа…“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Може да ги пренесете коските на Самоил, но не и Преспа, Охрид и Самоиловата тврдина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 60.000 Руси веќе се преселиле: Новата земја станува нивна „мала Русија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.