понеделник, јули 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Затворено финансиското друштво „Креди Јес“, граѓаните должници мора да ги враќаат кредитите

by Redakcija
03.06.2026
in Економија

Финансиското друштво „Креди Јес“ е затворено по одземање на дозволата за работа од Министерството за финансии, но граѓаните кои имаат активни кредити и понатаму се должни редовно да ги отплаќаат своите обврски, со цел да избегнат дополнителни камати и зголемување на долгот.

Од Министерството за финансии појаснуваат дека важечката законска регулатива не предвидува отпис на долгови во вакви случаи, поради што обврските преземени со договорите остануваат целосно на сила.

Граѓаните кои сметаат дека биле оштетени од работењето на друштвото имаат право да покренат судска постапка и да ги оспорат договорите пред надлежен суд, доколку постојат индиции за прекршување на договорните одредби.

Со одземањето на лиценцата, „Креди Јес“ повеќе нема право да одобрува нови кредити, но согласно законот може да продолжи со наплата на постојните побарувања. Воедно, друштвото има рок од 15 дена да поднесе жалба, по што може да започне постапка за ликвидација или стечај.

Во случај на ликвидација или стечај, од Министерството нагласуваат дека обврските на граѓаните остануваат валидни и мора да се подмируваат согласно склучените договори.

Дозволата за работа на „Креди Јес“ е одземена поради два утврдени прекршоци. Првиот се однесува на недоставување на финансиски и ревизорски извештаи во законскиот рок, додека вториот е поврзан со неправилно пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци, над дозволениот максимум.

Со затворањето на финансиското друштво се затвораат околу 40 филијали низ државата, а без работа остануваат над 100 вработени. „Креди Јес“ беше присутен на пазарот на финансиски услуги од 2019 година.

…

Related Posts

benzin

Драстично поскапување на горивата од полноќ

20.07.2026

Полугодишен преглед на Македонската берза: промет од 4,57 милијарди денари, најголем промет со акциите на Македонијатурист

19.07.2026

H&M затвора уште 170 продавници ширум светот

18.07.2026

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива

18.07.2026

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“

18.07.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 127,15 милиони денари, најтргувани акциите на Алкалоид

18.07.2026

Препорачани Вести

План за сериско производство на хуманоидни роботи во Србија: Клучна точка за развој на вештачка интелигенција во Европа

План за сериско производство на хуманоидни роботи во Србија: Клучна точка за развој на вештачка интелигенција во Европа

2 месеци ago

БЕЛАТА КУЌА:  ГРЕНЛАНД Е СТРАТЕШКА ЦЕЛ ЗА ТРАМП – „Воената опција е секогаш на маса”

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Градоначалникот на Гостивае Лимани: Не чувствувам морална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драстично поскапување на горивата од полноќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре 5 часа без струја дел од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Уште едно успешно издание на Пиво фестивалот покажа дека Прилеп знае да организира големи настани (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.