четврток, јуни 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Разбиена шема за нелегално посвојување: Бебе предадено за 500 евра и други бенефиции

by Redakcija
04.06.2026
in Црна Хроника

Кривична пријава против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на дете

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ф.А.(63), Ѓ.К.(57), И.Ш.(35), Џ.Ш.(35), сите од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“. Во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. го извршиле делото по пат на незаконско посвојување на новородено бебе. Имено, Ф.А. користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови. Додека, Ѓ.К., по претходен нивен договор, а поради избегнување на процедурата за посвојување на деца согласно Законот за семејство, ја користела нивната бременост, тешка материјална и социјална состојба. Имено, поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблуда и ги убедувала да реализираат за одреден паричен надомест и други бенефиции незаконско посвојување на нивното новородено бебе.

На тој начин успеале да ја убедат С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе. По отпуст од болница, С.Ј. и нејзиното бебе биле прифатени од Ф.А. и превезени до нивниот дом каде пристигнале пријавените И.Ш. и Џ.Ш. и во својство на „посвоители“ го земале бебето и го однеле во својот дом. Во врска со наведеното, на 17.10.2025 бил склучен договор за заем на 500 евра помеѓу Џ.Ш. како заемодавач и И.А. како заемопримач, кои истиот ден му биле исплатени на И.А. како надомест за незаконито посвојување на нивното бебе. Од судија на претходна постапка на лицата им е определена мерка домашен притвор.

…

Related Posts

44-годишен маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа во Италија

44-годишен маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа во Италија

04.06.2026

Тетовец со пиштол се обидел да ограби угостителски објект – Полицијата во акција

03.06.2026

Пожар во тетовско училиште, неколку вработени пренесени во болница

03.06.2026

Лишен од слобода 37-годишник од Тетово по пријава за инцидент на паркинг

03.06.2026
Автобус излета од пат и падна во канал кај Појате: Патниците без сериозни повреди

Убиство со секира во Белград, убиецот не се обидел да побегне

03.06.2026

Поднесена кривична пријава против жена за напад врз 10-годишно дете

03.06.2026

Препорачани Вести

Николоски: Нови авиолинии од Скопје до Алгеро и Палермо, расте интересот за македонскиот авиосообраќај

4 месеци ago

Грчките земјоделци ја „окупираа“ Синтагма со трактори – протестот продолжува без откажување од барањата

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Законот важи за сите, институциите постапуваат во случајот со член на обезбедувањето

    Мицкоски го потврди случајот со Богоев и најави нови акции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп го номинира својот поранешен адвокат Тод Бланш за државен обвинител

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 17-годишен пешак прегазен во Бутел, итно пренесен во болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стотици илјади работни места под ризик во ЕУ – најзагрозени индустриските сектори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали ќе се укинат границите во Шенген? Европската комисија најавува промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.