Иднината на серијата A Good Girl’s Guide to Murder стана неизвесна откако втората сезона забележа значително послаба гледаност на Нетфликс, иако беше објавена со високи очекувања по успехот на првата сезона.
Првата сезона на серијата беше голем хит и брзо се најде на врвот на Нетфликс листите, но втората стартуваше послабо и не успеа да го задржи истиот интерес кај публиката. Сепак, реакциите останаа многу позитивни – оценките на критичарите се искачија на 90%, а на публиката на 95%.
Серијата ја носи Emma Myers и е базирана на книгите на Holly Jackson, па постои материјал за продолжение. Одлуката за трета сезона ќе ја донесат Нетфликс и Би-би-си, кои заеднички ја продуцираат серијата.
Како можен фактор за падот на интересот се наведува и речиси двегодишната пауза меѓу двете сезони.
Во моментов не е познато дали серијата ќе добие продолжение.
…











