четврток, јуни 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Битола е меѓу општините што најмногу вложуваат во училишниот спорт и спортската инфраструктура

by Redakcija
04.06.2026
in Република

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција.

Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите животни навики и фер-плејот.

Во текот на денот учениците се натпреваруваа во „народна“, атлетика – трчање на 60 метри, како и во повеќе други спортски дисциплини.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа останува посветен поддржувач на младите, спортот и физичката активност.

„Општина Битола е една од општините која најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште во кое не се реконструираат или изградени нови спортски терени, а во дел од училиштата се градат и современи типски спортски сали. Во завршна фаза е и изградбата на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“, а континуирано инвестираме и во спортска опрема за наставата по физичко и здравствено образование“, рече Коњановски.

Тој нагласи дека ваквите манифестации имаат големо значење за поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот.

„Спортските игри за младите“ според бројот на учесници претставуваат најголем аматерски спортски настан во Европа и се реализираат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ.

Во рамките на програмата се одржува и „Кока-Кола Куп“, најголемиот малоклупски фудбалски турнир во Европа, кој годинава се организира по дванаесетти пат.

На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, како и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.

…

Related Posts

Прекин на струја во Шуто Оризари

Дел од Тетово и повеќе села утре ќе бидат без струја

03.06.2026

Бојкоски: Граѓаните директно учествуваат во уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

03.06.2026

ЈКП Водовод Битола: Во тек е реконструкција на внатрешната водоводна мрежа во ОУ „Гоце Делчев“

03.06.2026

Коњановски: „Твоја идеја, наш плоштад“ – граѓаните ќе одлучуваат за новиот лик на плоштадот „Гоце Делчев“

03.06.2026

Коњановски: Системски пристап и заедничка одговорност за управување со популацијата на кучињата

03.06.2026

Општина Битола: Нови пешачки семафори кај плоштадот „Гоце Делчев“ и Камен мост за поголема безбедност

03.06.2026

Препорачани Вести

585 од 651 прекршок вчера преку системот „Безбеден град“ се за пребрзо возење

4 месеци ago

Прекршоци и санкции во рамки на проектот „Безбеден град“

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Приведени 11 лица во полициска акција, дрога пронајдена на повеќе локации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Градежништвото со силен раст, инфраструктурните проекти го движат економскиот развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП ја пушти во тестирање веб-апликацијата – Започна третата фаза од проектот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска се соочува со сериозен недостиг на педијатри: 50.000 деца без матичен лекар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против фирма и одговорно лице: Со фалсификувани документи заработиле речиси 1,5 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.