петок, јуни 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Само системски пристап обезбедува ефикасни јавни претпријатија

by Redakcija
05.06.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска присуствуваше на конференцијата со што официјално започна проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна цел е да се зголеми отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија во услови на климатски промени, енергетски кризи и иселување на населението.

Поздравни обраќања имаа заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска и амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер.

На панел дискусијата за улогата на водоводните претпријатија учествуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„ Јавната вредност на едно водоводно претпријатие не треба да се гледа единствено преку обезбедување вода до секој граѓанин. Водоснабдителниот систем има многу поширока и позначајна улога, бидејќи водата претставува основен ресурс за живот, јавно здравје, економски развој и одржливо функционирање на заедницата. Затоа, успешноста на едно претпријатие треба да се мери преку јасно дефинирани и мерливи показатели: финансиска стабилност, степен на модернизација на системот, намалување на загубите на вода, ефикасност во мерењето и наплатата, квалитет и сигурност на услугата, како и брзина на реакција при дефекти и интервенции. Дополнително, современите водоводни претпријатија мора да се насочат кон дигитализација, енергетска ефикасност и долгорочно управување со водните ресурси. Само преку ваков системски и одржлив пристап може да се обезбеди ефикасно и одговорно извршување на улогата на јавните претпријатија и создавање реална јавна вредност за граѓаните“ рече меѓу другото градоначалникот на Битола.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Државниот секретаријат за економски прашања, со придонес на Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија и седум општини и комунални претпријатија корисници Битола, Берово, Кочани, Куманово, Радовиш, Струмица и Виница.

За реализација на проектот се обезбедени 6,5 милиони швајцарски франци грант од Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), додека Министерството за животна средина и просторно планирање учествува со национална контрибуција од 0,5 милиони швајцарски франци.

На панел дискусијата за предизвиците на водоводните претпријатија учествуваше и директорот на ЈП „Водовод“ Битола, Андреј Гинов.

Related Posts

ЈКП „Водовод“ – Битола дел од проектот вреден 7 милиони франци за модернизација на комуналните претпријатија

05.06.2026

Македонските аеродроми меѓу лидерите по раст на патничкиот сообраќај

05.06.2026

Општина Битола: Не згаснува споменот за битолските херои од 2001 година

05.06.2026
Мицкоски: Се водат преговори за надминување на пречките со ЕЕС системот

Мицкоски ќе присуствува на Самит ЕУ – Западен Балкан во Тиват

05.06.2026

Божиновска: Дигиталните технологии се двигател на енергетската трансформација

04.06.2026

Проданоски: Велосипедизмот, културата и младинскиот активизам се вредности што треба да се негуваат

04.06.2026

Препорачани Вести

Москва тврди: Лондон и Париз планирале пренос на нуклеарни елементи во Украина

Москва тврди: Лондон и Париз планирале пренос на нуклеарни елементи во Украина

1 месец ago
Див волк чуван како миленик во Козле: Згрижен во ЗОО Скопје

АХВ ќе утврдува дали животното пронајдено во Козле е волк или хибрид со куче

3 недели ago

Популарни Вести

  • Во кои земји заработуваат најмногу по час? Листа што ќе ве изненади

    Недостигот на работници ги зголеми платите во една од најпотценетите професии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Водовод“ – Битола дел од проектот вреден 7 милиони франци за модернизација на комуналните претпријатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важна информација за исплатата на социјална и детска заштита

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ји Хе стана првата извршна директорка од крипто-индустријата која се најде на листата на Fortune за најмоќни жени во бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.