недела, јули 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

by Redakcija
08.06.2026
in Македонија

Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи ги членовите на семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок

„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, се вели во соопштението.

Според семејството, погребната церемонија ќе се одржи денес во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.

Арсим Зеколи беше амбасадор на  Македонија во организацијата ОБСЕ во Виена, додека е познат како аналитичар на политички прашања и во Македонија и пошироко.

Од него се опрости и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.

„Со тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Арсим Зеколи.

Арсим беше исклучително образован и начитан човек, со свое мислење кое не се двоумеше да го каже, без разлика дали тоа некому му се допаѓаше или не.

Често јавно ме критикуваше, но тоа не нè спречуваше да се среќаваме и со часови да разговараме за меѓународната политика, регионот и геополитиката.

Кога бев претседавач со ОБСЕ, често го поканував во мојот кабинет. Како поранешен амбасадор во Мисијата на ОБСЕ во Виена и дипломат кој беше силно посветен на самата организација, секогаш носеше интересна и уникатна перспектива.

Никогаш не разговаравме за тоа што го напишал за мене претходниот ден, ниту за нешто што можеби не ми се допаднало.

Еден детал особено ми остана во сеќавање. Колку и пати да му понудев кафе кога ќе дојдеше во Министерството, тој одбиваше. Велеше дека не сака да добие ништо од луѓето на власт, за никому да не му остане должен, па дури ни за едно кафе.

Таков беше Арсим.

Сочувство до семејството и најблиските“, напиша Османи на социјалните мрежи.

Related Posts

Просечната плата се доближи до 50.000 денари: Растат примањата, но дали расте и животниот стандард?

Просечната плата се доближи до 50.000 денари: Растат примањата, но дали расте и животниот стандард?

26.07.2026
Штрајк на грчките цариници во понеделник: Можни подолги задржувања на Богородица, Дојран и Меџитлија

Штрајк на грчките цариници во понеделник: Можни подолги задржувања на Богородица, Дојран и Меџитлија

26.07.2026
63 години од катастрофалниот скопски земјотрес: Утрото кога за 20 секунди беше променета историјата на градот

63 години од катастрофалниот скопски земјотрес: Утрото кога за 20 секунди беше променета историјата на градот

26.07.2026
Муцунски: ЕУ останува стратешка цел, но бара национален консензус и сериозни реформи

Муцунски: Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции

25.07.2026

Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, наскоро се пуштаат најкомплицираните 10 километри

25.07.2026

Еве колку се чека за излез од Македонија

25.07.2026

Препорачани Вести

Инцидент во Ла Манш: Руски воен брод отвори оган кон јахта

1 месец ago

Тоневски: Меморијалниот турнир за Љубиша Дуковски – Бомба е доказ за неговото големо спортско наследство

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ЕЛБРУС: Петмина планинари од БиХ загинаа, двајца се спасени – телата сè уште остануваат на планината

    (ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ЕЛБРУС: Петмина планинари од БиХ загинаа, двајца се спасени – телата сè уште остануваат на планината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар ја зафати парк-шумата Гази Баба – противпожарните екипи се борат со огнената стихија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Внимавајте ако летувате во Франција: За пиење алкохол на плажа следува казна до 150 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – НАПАД НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН: Еден загинат, 17 повредени – полицијата трага по 21-годишен маж кој со автомобил влета во толпата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАЗАХСТАН ТОКАЕВ СО ДИРЕКТНА ПОРАКА ДО ПУТИН: Време е да се запре војната во Украина и да се вратат преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.