понеделник, јуни 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

ЕФА бара Бугарија да се извини за злосторствата врз Македонците за време на комунизмот

by Redakcija
08.06.2026
in Балкан

На годишното собрание на European Free Alliance (ЕФА) едногласно беше усвоена декларација со која се бара Бугарија официјално да се извини за, како што се наведува, злосторствата извршени врз македонското малцинство за време на комунистичкиот период.

Информацијата ја објави македонската национална политичка организација во Бугарија „ОМО Илинден“, посочувајќи дека декларацијата содржи повеќе барања поврзани со правата на Македонците во Бугарија.

Во документот се нагласува потребата од поголема свест за состојбата со човековите права на македонското малцинство, при што се посочува дека Бугарија сè уште не спровела повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на регистрацијата на македонски организации.

ЕФА, исто така, бара Европската Унија да ја повика Бугарија на одговорност за исполнување на обврските поврзани со човековите и малцинските права, како и да се стави крај на, како што се наведува, двојните стандарди во третманот на земјите-членки и земјите-кандидати.

Во декларацијата се бара и вклучување на претставник на македонската заедница во Националниот совет за соработка по етничките и интеграциските прашања во Бугарија.

Посебен акцент е ставен на барањето за официјално извинување од бугарската држава за репресиите врз Македонците во периодот на комунизмот. Во текстот се наведува дека илјадници Македонци биле изложени на притисоци, казни, затворања, присилни преселби и други форми на прогон поради изразување на својот етнички идентитет.

Од ЕФА сметаат дека признавањето на овие историски настани и почитувањето на малцинските права претставуваат важен чекор кон унапредување на демократските стандарди и човековите права во Европа.

…

Related Posts

Рама бесен по протестите: Ресортот ќе се гради, нема назад!

08.06.2026
Курти освои најмногу гласови, но останува без мнозинство за самостојна влада

Курти освои најмногу гласови, но останува без мнозинство за самостојна влада

08.06.2026

ЕУ испрати сериозно предупредување до Албанија: Спорниот проект на Кушнер може да ја закочи европската иднина на земјата

07.06.2026

Продолжува семинарот на словенските малцинства во Тирана: Фокус на европската интеграција и правата на заедниците

07.06.2026

Косово повторно на гласање: Трети парламентарни избори за само 16 месеци

07.06.2026

Речиси 10.000 Хрвати сами побарале забрана за влез во коцкарници

06.06.2026

Препорачани Вести

53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди

53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди

2 месеци ago
Почина новинарката Гордана Дувњак: Долгогодишен глас на македонското истражувачко новинарство

Почина новинарката Гордана Дувњак: Долгогодишен глас на македонското истражувачко новинарство

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Апсење во Тетово – брза интервенција на полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пешачењето како тајно оружје против масните наслаги: Еве зошто експертите го препорачуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕФА бара Бугарија да се извини за злосторствата врз Македонците за време на комунизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама бесен по протестите: Ресортот ќе се гради, нема назад!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Трамп ја прекина емисијата по жестока расправија со новинарка на NBC

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.