петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

МАФИЈАШКО КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРПОШ: Скопјанец претепан однесен во Шишево среде бел ден

by admin
13.06.2026
in Црна Хроника

Вистинска драма се одвивала среде бел ден на улиците во скопската населба Карпош, откако 36-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат, киднапиран и насилно однесен на друга локација.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 12 јуни во 21:30 часот. Д.Е. (36) од скопско во пријавата навел дека околу 14:00 часот, додека се движел со патничко возило „Мерцедес“ на подрачјето на Карпош, неговото движење било блокирано од три автомобили.
Како што изјавил, од возилата излегле неколку лица кои веднаш физички го нападнале. Во нападот, едно од лицата му нанело тешки телесни повреди, по што бил насилно внесен во едно од возилата и однесен против негова волја.


Според неговото сведочење, најпрво бил однесен на автоплац во Карпош, каде извесен период бил задржан, а потоа бил транспортиран до селото Шишево. Таму, како што навел, бил оставен и пуштен да си замине.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, по што започнала истрага за утврдување на идентитетот на напаѓачите, мотивите за нападот и сите околности поврзани со настанот.


Од МВР потврдуваат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање ќе бидат преземени соодветни законски мерки против инволвираните лица.


Засега не се соопштуваат дополнителни детали за причините за инцидентот, ниту дали осомничените се идентификувани. Истрагата е во тек.

Related Posts

Пожар на депонија во Охрид – уапсени три лица

18.09.2026

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор во Ѓорче Петров

18.09.2026

Не застанал на полицајците, па тргнал во бегство – но не стигнал далеку

18.09.2026

Двајца приведени во Тетово поради сомнение за тешки кражби

18.09.2026

Нападнал полицаец со остар предмет – поднесена кривична пријава

17.09.2026

Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција

17.09.2026

Препорачани Вести

Уапсен полицаец – МВР со детали

8 месеци ago

Овој појадок е добар за црниот дроб: Лекарка открива што треба да има во чинијата

3 дена ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: 141 од 180 проекти веќе се реализираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.