Објавени три јавни повици од Оперативниот план за вработување за 2026 година, во рамки на мерката Самовработување- Претприемништво, каде на сите невработени лица им нудиме
Грантови за поддршка за отворање на сопствен бизнис за лица над 29 години до 7.000 евра
Грантови за поддршка за отворање на сопствен бизнис за млади лица до 29 години до 10.000 евра
Самовработување преку здружување во ДОО на две лица – поддршка од 14.000 до 20.000 евра
Ги охрабрувам сите невработени лица со минимум завршено средно образование, со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на грант, како и стручна и менторска помош и поддршка при регистрација на бизнисите, како и стручна обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“ .
Сите детали за мерките можете да ги добиете во било кој од 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб странaта www.av.gov.mk
Пријавата за учество треба да се поднесе во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот.
Рокот за поднесување на апликации е 03.07.2026 година.
Линк до јавните повици со условите и потребната документација за аплицирање
https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
…













