Граѓаните кои викендов планираат да патуваат кон Халкидики треба да бидат подготвени за значителни сообраќајни измени во близина на Солун.
Според информациите објавени од „Грчка инфо“, од петок во 23:00 часот до недела во истото време ќе биде целосно прекинат сообраќајот во двата правци на дел од обиколницата на Солун поради градежни работи поврзани со проект за изградба на надвозник.
Во наведениот период ќе бидат затворени источниот правец кон аеродромот и Халкидики, како и надвозникот Пилеа – Панорама.
Надлежните власти најавуваат дека сообраќајот ќе биде пренасочен по алтернативни патишта низ градот, поради што се очекуваат дополнителни застои и подолго време на патување.
На возачите им се препорачува навремено да го планираат патувањето, да ги следат сообраќајните известувања и да предвидат дополнително време за пристигнување до својата дестинација.
…













