петок, август 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Очекуваме ново поевтинување на горивата, цените во Македонија се најниски во регионот

by Redakcija
25.06.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања изјави дека Македонија во моментов има најниски цени на дизелот и бензинот во регионот, нагласувајќи дека владините мерки помогнале успешно да се амортизира енергетската криза.

Според него, за време на кризата Владата избегнала создавање паника и се фокусирала на конкретни мерки кои требало да го намалат товарот врз граѓаните и стопанството.

„Денеска имаме убедливо најниски цени на горивата во регионот. Разликата во однос на соседните држави е од 20 до 50 евроценти по литар“, истакна Мицкоски.

Тој направи споредба на цените на горивата во повеќе земји од регионот, посочувајќи дека во Србија дизелот се продава за 1,85 евра по литар, во Хрватска од 1,59 до 1,85 евра, во Словенија за 1,72 евра, во Босна и Херцеговина за 1,50 евра, а во Црна Гора за 1,55 евра. Во Македонија, според него, дизелот чини 1,31 евро по литар, додека безоловниот бензин се продава за 1,36 евра.

Мицкоски нагласи дека намалувањето на ДДВ и акцизите овозможило пониски цени, а дел од изгубените приходи биле надоместени преку зголемена потрошувачка на гориво.

„Имавме претприемачка логика. Граѓани од соседните земји доаѓаа да точат гориво кај нас, а во одредени денови потрошувачката беше зголемена и до 50 проценти“, рече премиерот.

На прашањето дали Владата планира нови мерки за горивата, Мицкоски одговори дека во овој момент тоа не е потребно бидејќи цените на светските пазари се во опаѓање.

Тој најави дека доколку трендот продолжи, веќе од понеделник може да следува ново намалување на цените на бензините и дизелот, со што тие постепено би се вратиле на нивото од крајот на февруари годинава.

Премиерот изрази очекување дека поевтинувањето на горивата ќе придонесе и за намалување на трошоците во транспортниот сектор, а со тоа и за стабилизирање на цените на дел од услугите и производите.

…

Related Posts

Македонски туристи евакуирани од пожарите во Грција, МНР со важен апел

14.08.2026

Николоски: Македонското небо добива највисоко ниво на безбедност со новиот ATM и радарски систем

14.08.2026

ВЛЕН: Случајот „Груби“ ја тресе ДУИ, Ахмети се соочува со тешки политички денови

14.08.2026

Македонија става два противпожарни авиона на располагање на ЕУ: Ќе помагаме во гаснењето на шумските пожари низ Европа

14.08.2026

МНР: Отворени се дежурни телефони за македонските државјани погодени од пожарите во Грција

13.08.2026

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ по изјавата за Српската црква во Скопје

13.08.2026

Препорачани Вести

80 годишен грк осомничен за убиството во Виница: Уапсени се и други лица – МВР со детали

5 месеци ago

Провалено во канцеларијата на директор на ЈКП, украдени пари од дневниот промет

1 недела ago

Популарни Вести

  • Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски туристи евакуирани од пожарите во Грција, МНР со важен апел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонското небо добива највисоко ниво на безбедност со новиот ATM и радарски систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Случајот „Груби“ ја тресе ДУИ, Ахмети се соочува со тешки политички денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.