петок, јуни 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Античкиот град што ги обликуваше легендите: Откријте ја Троја во Туркије

by Redakcija
26.06.2026
in Магазин

Крајот на месецов е резервиран за уште еден врвен културен настан, што ќе се одржи на европско тло, а преку него ќе продолжи да се раскажува приказната за легендарниот антички град Троја, сместен во северноегејскиот регион на Туркије. Се очекува овој локалитет да ја освои публиката на Холандија, каде на 28 јуни во Институтот „Јунус Емре“ во Амстердам ќе биде отворена специјална изложба на фотографии, а веќе наредниот ден на Универзитетот во Лајден ќе следува предавање на професорот Рустерм Аслан, главен археолог на ископувањата во Троја.

Настанот ќе биде продолжение на досегашните бројни културни случувања посветени на овој локалитет, вклучувајќи ја и изложбата на тројански артефакти, која се отвори на 11 јуни во Колосеумот во Рим. На изложбата беа претставени 221 артефакт избрани од 19 музеи низ Туркије, меѓу кои и Музејот на Троја во Чанаккале. Од нив, 50 никогаш претходно не биле изложени во Италија, а во поставката беа вклучени и 80 предмети од италијански музејски колекции. Планирани се и други активности ширум светот, но за целосно доживување на Троја, се советува туристите да ја посетат лично.

Овој локалитет, кој е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, се смета за бисер на Чанаккале. Троја е сведок на историјата и воедно е инспирација за литературата, уметноста, кинематографијата и науката. Сместена во селото Тевфикије, Троја е најпозната како градот што ја инспирирал епската поема „Илијада“ на Хомер. Иако беше прославена од Тројанската војна, факт е дека во неа живееле различни култури многу време пред да стане легенда. Во период од 5.000 години таму се населувале 10 различни слоеви на цивилизација, почнувајќи од раното бронзено време па сѐ до периодот на Источното Римско Царство, кои и понатаму се предмет на истражување. На влезот во Троја посетителите ги пречекува монументален дрвен Тројански коњ, од каде почнува историското патување низ античките камени ѕидини и улици, по кои можеби некогаш чекореле некои од најпознатите личности од тројанските митови.

Троја е тесно поврзана и со потеклото на Римската Империја преку легендата за Енеј. Според епот овековечен во „Енеида“ на Вергилиј, принцот Енеј тргнал на легендарно патување во потрага по „Нова Троја“ по падот на градот. Следејќи ја рутата што денес историчарите ја нарекуваат „Патеката на Енеј“, призната и како Културна рута на Советот на Европа, анадолскиот принц на крајот стигнал до бреговите на Лациум, каде што неговите потомци го основале Рим во 753 година п.н.е.

Оние што ќе се одлучат да ја посетат Троја, можат да се сместат во Чанаккале, кој нуди широк избор на сместување, од хотелски синџири до бутик хотели. За поавтентично искуство, посетителите можат да престојуваат и во селото Тевфикије, најблиската населба до Троја, каде што семејните пансиони нудат можност за доживување на локалното гостопримство. Античкиот град Троја е дел и од Винската рута на Троја, која им овозможува на посетителите да го откријат богатото винско наследство на регионот. Во Чанаккале можат да се вкусат бројни специјалитети кои совршено се надополнуваат со одличните локални вина. Од прочуеното сирење од Езине и зеленчукот подготвен со локално произведено маслиново масло, до свежата морска храна, регионот нуди незаборавно гастрономско доживување.

…

Related Posts

ВИДЕО: Мечка со мало мече забележани кај Балтепе и Калето – ретка снимка од убавината на Шар Планина

26.06.2026

Ohrid Wine Festival Vol. 5 започна со одлична атмосфера и бројни посетители

26.06.2026

Овенот добива животна шанса, друг го чекаат големи промени!

26.06.2026

„Не ме спасувајте… моите ќерки затрупани ме држат за раце“ – трагична приказна која и денеска го расплакува светот

25.06.2026

Почнаа преднарачките за GTA VI во Македонија: Гејмерите веќе можат да го резервираат својот примерок

25.06.2026

Сите ја гледаат бојата и тука грешат: Вака за 10 секунди ќе ја изберете најсочната и најслатката лубеница

24.06.2026

Препорачани Вести

Свлечиште ја затвори обиколницата околу Битола – сообраќајот пренасочен низ градот

4 месеци ago

Коњановски: „Џез фактори фестивалот“ ја позиционира Битола како регионален културен центар

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Скокна минималниот износ за К-15 – Еве колку пари ќе легнат на сметка годинава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важни информации за возачите на товарните возила во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хигиеничари се бараат сѐ повеќе, а просечната плата им се намалила?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Мечка со мало мече забележани кај Балтепе и Калето – ретка снимка од убавината на Шар Планина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.