четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

По силното невреме во Куманово: Поплавени домови, подруми полни со вода и голема материјална штета

by Redakcija
02.07.2026
in Република

Силното невреме што вчера го зафати Куманово предизвика поплави во повеќе населби, при што беа зафатени куќи, деловни објекти, подруми и улици. Надлежните служби со часови работеа на испумпување на водата и расчистување на последиците.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, најголем број пријави се однесувале на навлегување вода во станбени и деловни објекти. На одделни локации, водата во подрумите достигнала и до еден метар, предизвикувајќи значителна материјална штета.

Меѓу најпогодените се улиците „Моша Пијаде“, „Бајрам Шабани“, „Веселин Маслеша“, „Гоце Делчев“ и „11 Октомври“, како и булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“. Интервенција имало и на улицата „ЈНА“, каде спасувачките екипи работеле на отстранување на надојдената вода.

Во справувањето со последиците беа ангажирани Територијалната противпожарна единица, јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“, како и екипи на ЕВН. По испумпувањето на водата започна чистење на коловозите од кал, песок и чакал, прочистување на шахтите и одводните канали, а на местата каде што дошло до излевање на фекалната канализација беше спроведена и дезинфекција.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, најави дека ќе продолжат активностите за целосно расчистување и санација на оштетените локации.

Во меѓувреме, граѓаните повторно укажуваат дека проблемот со недоволниот капацитет на атмосферската канализација останува нерешен и предупредуваат дека по секој пообилен дожд истите делови од градот повторно се соочуваат со поплави. Според мерењата, за време на невремето во Црешево наврнале 74 литри дожд на квадратен метар.

Related Posts

Повеќе населени места во Тетовско утре ќе останат без струја

17.09.2026

Комуналец Прилеп: Парк-шумата Могила е чиста и уредна, граѓаните се грижат за просторот

17.09.2026

Коњановски: Битола е горда со младиот спасител Михаил Николовски

16.09.2026

Коњановски: Со Европската недела на мобилност до побезбедна и попристапна Битола

16.09.2026

Коњановски: Гордост за Битола – Стефанија се врати од Италија со два медали

15.09.2026

ВИДЕО – Проданоски: Секое дете заслужува еднакви можности и поддршка

15.09.2026

Препорачани Вести

Македонската алијанса за европска интеграција: Македонците во Албанија се соочуваат со притисоци околу националните симболи

8 месеци ago
Американскиот долар ја притиска цената на златото, пад од над 4%

Златото руши рекорди: Над 4.000 евра за унца, се предвидува и поголем раст

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Нападнал полицаец со остар предмет – поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе населени места во Тетовско утре ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глаголицата на новите хрватски дресови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.