четврток, јули 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска од Приштина: Енергетската безбедност не познава граници – регионот мора да се поврзе и да настапува како еден енергетски систем

by Redakcija
02.07.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето на регионалната соработка.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и дека само преку поврзување на инфраструктурата, усогласување на политиките и заеднички инвестиции регионот ќе може успешно да одговори на идните предизвици.

„Нашата долгорочна визија е јасна – целосно интегриран регионален енергетски систем кој ќе ги поврзе електроенергетските, гасните и идните водородни мрежи. Од диверзификација до декарбонизација, од интерконектори до заеднички пазари – регионот мора да функционира како еден интегриран енергетски систем. Македонија забрзано се интегрира во европскиот енергетски пазар преку нови интерконектори, регионална соработка и зелена транзиција “, порача Божиновска.

Министерката нагласи дека Македонија веќе презема конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност преку диверзификација на изворите на снабдување и реализација на клучни инфраструктурни проекти.

Во таа насока, таа информираше дека гасниот интерконектор со Грција треба да биде завршен до 2027 година, додека интерконекторот со Србија се движи кон фаза на реализација со очекувано завршување околу 2028 година. Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на природен гас, вклучително и течен природен гас (LNG) преку Грција, со што значително ќе се зголеми сигурноста, флексибилноста и отпорноста на енергетскиот систем.

Осврнувајќи се на интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија, Божиновска потсети дека Македонија во мај годинава го пушти во функција интрадневниот пазар на електрична енергија, што претставува значаен чекор кон целосно поврзување со европскиот енергетски пазар и подобра интеграција на обновливите извори.

Министерката испрати јасна порака дека иднината на енергетиката во регионот зависи од заедничкото делување, а денешниот министерски состанок испратил силен сигнал дека сите земји од регионот ја делат истата визија – поголема енергетска безбедност, посилна регионална поврзаност и побрза интеграција во европскиот енергетски систем.

„Интеграцијата во европскиот енергетски пазар е можност да изградиме поконкурентна економија, да привлечеме нови инвестиции и да обезбедиме почиста и посигурна енергија за нашите граѓани. Остануваме целосно посветени на реформите и партнерствата што ќе ја придвижат Македонија и целиот регион кон одржлива енергетска иднина“, истакна министерката.

На Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница главен фокус беше ставен на забрзувањето на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во единствениот европски енергетски пазар, јакнењето на сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на регионалната инфраструктура како предуслов за успешна зелена транзиција и поголема енергетска независност.

…

Related Posts

Николоски: Над четири милиони евра инвестираме во инфраструктурни проекти во Неготино

02.07.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,14 отсто, најтргувани акциите на Универзална Инвестициона Банка

02.07.2026

Димитриеска-Кочоска: Македонската економија бележи стабилно закрепнување и континуиран раст, зад овие резултати стојат огромна работа и посветеност

02.07.2026

Шведска поддршка за енергетските реформи во Македонија – Божиновска и Сулстром отвораат нови можности за инвестиции и партнерства

02.07.2026

Македонија меѓу светските лидери по напредок во чистата енергија

02.07.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,49 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

01.07.2026

Препорачани Вести

НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА – Загина 48 годишен градежник од Тетово

2 месеци ago

Кривични пријави за шестмина по насилен инцидент со оружје во Тетовско

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Како се разладуваат Кинезите – Ја намалуваат температурата за 5–8°C

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден проектил под хауба на паркирано возило во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Пензиите се зголемени линеарно за 7.000 денари, продолжуваме со политики за подобар живот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова безбедносна контрола на скопскиот аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на повеќе локации низ државата – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.