петок, јули 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Општина Битола: Презентиран Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2026 година

by Redakcija
03.07.2026
in Република

Во Агенцијата за вработување во Битола денеска беше презентиран Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.

На настанот присуствуваа заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.

Со Оперативниот план за 2026 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош.

Вкупната вредност на планот изнесува 2.422.000.000 денари, односно околу 39,3 милиони евра, а со мерките се предвидува опфат на 10.352 лица.

Најголем дел од средствата се насочени кон мерката за самовработување, која се реализира преку три повици и за која се предвидени 1.377.303.780 денари (околу 22,3 милиони евра).

Во рамки на мерката се опфатени три подкатегории. Првата се однесува на лица над 29 години, кои можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 430.500 денари (околу 7.000 евра) за започнување сопствен бизнис. За оваа подмерка се предвидени средства за 660 лица.

Втората подмерка е наменета за млади до 29 години, со поддршка од 10.000 евра за основање бизнис, а се предвидени средства за 883 лица.

Третата подмерка се однесува на здружување на до двајца корисници за основање бизнис, со поддршка од 14.000 до 20.000 евра, при што највисокиот износ е наменет за содружници до 29 години. За оваа подмерка се предвидени средства за 500 лица, од кои 275 се млади.

Од Општина Битола информираат дека досега се поднесени околу 200 апликации од заинтересирани граѓани.

…

Related Posts

Огнена стихија во Штип: Сите служби на терен, се бранат објектите кај Исар

03.07.2026

Проданоски: Успесите на младите спортисти се гордост за Прилеп и доказ дека со труд се создаваат шампиони

03.07.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Утре четири тетовски села ќе бидат без струја – ЕВН најави планирани прекини

02.07.2026

ВИДЕО – Градежна офанзива во Битола: Се реконструираат улици, спортски терени и се градат нови паркинзи

02.07.2026

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: Исчистена локацијата кај поранешната Зоолошка градина по повеќе од една деценија

02.07.2026

По силното невреме во Куманово: Поплавени домови, подруми полни со вода и голема материјална штета

02.07.2026

Препорачани Вести

Спој на уметноста и звукот во совршена хармонија

5 месеци ago

„Сејф сити“ се тестира и во уште еден град

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Средба со две млади срни кај Шар Планина – важна порака за зачувување на природата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошки сензации кај битолско Црнобуки: Откриени над 400 монети, меѓу нив и со ликовите на Филип Втори и Александар Велики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата во Скопје уапси тројца по напад врз 14-годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Промовирана првата поетска збирка „Лузни што зборуваат“ на Радица Таскова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.