сабота, јули 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП – раст во овие 2 години над 3% наспроти раст од 1,8% во периодот на претходната влада

by Redakcija
04.07.2026
in Економија

4 јули 2026, Скопје – Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната расправа по Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година во рамки на собраниската матична Комисија за финансирање и буџет.

„Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг  од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на економијата. Понатаму во 2020 година имаме пад на БДП од 4,7%. Во следната  2021 година раст на БДП од 4,5% на паднатиот БДП  од 4,7% во 2020. Кога другите економии имаа раст поголем од тоа што го изгубија во 2020 година, ние во 2021 година  не можевме да го стигнеме она што го изгубивме во 2020 година. Но во истовреме буџетскиот дефицит беше 5,3% и во истата година јавниот долг отиде на 60,3%. Можам да ги редам и натаму на пример во 2022 година дефицитот е 4,4% во минус растот е 2,8% во плус . И така ако продолжиме  статистичките податоци јасно кажуваат дека просечниот раст на БДП во годините од 2017 до 2024, при тоа треба да земеме предвид дека 2018 и 2019 се години без никаква криза, а од 2020 имаме криза. Така што 1,8% просечен раст во овој период наспроти денешниот раст од над 3% јасно кажува дали парите се правилно насочени или не се“, истакна министерката.

Општата расправа по предложениот Ребаланс на Буџетот за 2026 година започна вчера во рамки на Комисијата за финансирање и буџет и може да трае најмногу до 10 дена.

Ребалансот, како што истакна вчера министерката во експозето, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во  услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат.

…

Related Posts

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

04.07.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 183,51 милиони денари, најтргувани акциите на Македонски Телеком

04.07.2026

Божиновска: Интензивно се работи на реализацијата на гасниот интерконектор со Грција

03.07.2026

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола

03.07.2026

Стојаноски: Овој ребаланс е победа на бројките над манипулациите, нуди развој и инвестиции

03.07.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,10 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

03.07.2026

Препорачани Вести

Европа пред жешко лето: 2026 носи топлотни бранови, суши и временски екстреми

2 месеци ago

Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Димитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП – раст во овие 2 години над 3% наспроти раст од 1,8% во периодот на претходната влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес и апсење во Тетово – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка кај Страцин: Млад возач го загуби животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.