Connect with us

Uncategorized

Лавот да се обиде да биде трпелив и нежен, Водолијата да не се измачува со ситни работи

Бик
Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци
Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Денеска ќе ви биде полесно во однос на здравјето.

Рак
Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. Работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав
Чувствителноста на саканата личност денеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Побарајте хумористични содржини.

Девица
Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Пазете се од настинка и главоболка.

Вага
Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Чувствителност на синусите.

Скорпија
Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Соработувајте со другите.

Стрелец
Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.Не може ништо да ве одмине.

Јарец
Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Се чувтсвувате одлично.

Водолија
Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Не се измачувајте со ситни работи.

Риби
Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен
Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Мали нервози и грижи.

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг