петок, август 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПЈЕ: Гори објект на Јужен булевар, се слушаат експлозии – густ црн чад го покри дел од градот

by admin
05.07.2026
in Македонија, Црна Хроника
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПЈЕ: Гори објект на Јужен булевар, се слушаат експлозии – густ црн чад го покри дел од градот

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Пазарната инспекција и на околу еден километар од центарот на Скопје.


Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, гори магацин или друг деловен објект, а од местото на пожарот се слушале силни пукотници, кои, според првичните информации, најверојатно се предизвикани од електрични инсталации.

„Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од голема далечина“, изјави Ангелов.

На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која со повеќе противпожарни возила се обидува да го локализира огнот и да спречи негово ширење кон околните објекти.

На местото на настанот се наоѓа и екипа на Итната медицинска помош, а поради опасноста од ширење на пожарот, се врши и сечење на дрвја во непосредна близина на опожарениот објект за да се олесни интервенцијата на пожарникарите.

Очевидци велат дека густ црн чад се издига високо над градот и е видлив од повеќе делови на Скопје, додека мирисот на изгорено се чувствува низ целата населба Кисела Вода.

Засега нема официјални информации дали има повредени лица или колкава е материјалната штета.

Инаку, оваа локација и претходно беше зафатена од голем пожар. Во септември 2022 година изгореа неколку бараки во близина на Рампа, по што неколку месеци подоцна на нивното место започна изградба на нов објект.

Повеќе информации за причините за пожарот и евентуалните последици се очекуваат во текот на денот.

Related Posts

Милошоски: Бујар Османи со ширење лажни вести се обидува да ѝ наштети на Македонија

21.08.2026
Agria

Агриа за првпат извезе свинско месо од Македонија во Албанија

21.08.2026
„Безбеден град“ ги казнува и странците, МВР воведе апликација за полесно плаќање

„Безбеден град“ ги казнува и странците, МВР воведе апликација за полесно плаќање

21.08.2026
Македонската дипломатија ги утврдува приоритетите за следната година

Македонската дипломатија ги утврдува приоритетите за следната година

21.08.2026

ШИТНАЛ 185 ТОНИ ЖЕЛЕЗО, ЌАРИЛ 54.000 ЕВРА

21.08.2026

Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини

20.08.2026

Препорачани Вести

ЗНАМ со предлог за изборна реформа: Една изборна единица, праг до 3% и парламент со 90 пратеници

6 месеци ago

Новиот граничен систем EES откри илјадници прекршувања

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Милошоски: Бујар Османи со ширење лажни вести се обидува да ѝ наштети на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,15 отсто, најтргувани акциите на Гранит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агриа за првпат извезе свинско месо од Македонија во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е во сериозен инвестициски циклус, над 12 милиони евра за проекти во градот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТЕНТОН ГРАДБА започна нов проект за изградба на магацин за фабриката СЕКЕ во Крушево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.