среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Рекорден раст на македонските аеродроми: Над 1,9 милиони патници за половина година

by Redakcija
10.07.2026
in Економија
МВР спроведува голема безбедноснa вежба на охридскиот аеродром

Македонските аеродроми бележат историски раст на бројот на патници. Во првите шест месеци од 2026 година, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужиле вкупно 1.955.648 патници, што претставува зголемување од 28 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Во периодот јануари–јуни биле реализирани 13.167 авионски летови, односно 7,6 отсто повеќе во однос на лани. Само во јуни, двата аеродрома регистрирале 374.714 патници, што е раст од 15,6 проценти.

Од ТАВ Македонија оценуваат дека зголемениот број патници е резултат на подобрената воздушна поврзаност, проширувањето на мрежата на дестинации и зголемениот интерес на авиокомпаниите за македонскиот пазар.

„Растот од 28 проценти во бројот на патници е потврда дека македонските аеродроми се движат кон силен и одржлив развој“, посочуваат од компанијата.

Најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром во првата половина од годината бил Истанбул, со најголем удел во патничкиот сообраќај. Следуваат германските градови Минхен Меминген, Дортмунд и Франкфурт, како и Базел и Цирих.

Најмногу директни летови од Скопје има кон Германија, Турција, Швајцарија, Италија и Шведска.

Меѓународниот аеродром „Скопје“ во овој период опслужил 1.833.010 патници, што е раст од 28,6 отсто, додека охридскиот аеродром бележи зголемување од 18,2 проценти со 122.638 патници.

Со ваквиот тренд, македонските аеродроми ја продолжуваат позитивната динамика и се приближуваат до нови рекордни резултати во воздушниот сообраќај.

…

Related Posts

Благ раст на Македонската берза, „Универзална Инвестициона Банка“ најголем добитник

25.08.2026

Божиновска: Речиси 95% од потребите за струја во јули ги покривме со домашно производство

25.08.2026

Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,20 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

24.08.2026

Горивата поскапуваат, дизелот над 100 денари за литар

24.08.2026

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

24.08.2026

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови на македонската енергетика

25.08.2026

Препорачани Вести

Делови од Тетово со часови се без вода – ЈКП „Шар” работи на терен

5 месеци ago
Седницата прекината во турскиот парламент поради тепачка за време на заклетвата на новиот министер за правда

Седницата прекината во турскиот парламент поради тепачка за време на заклетвата на новиот министер за правда

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.