Две лица од скопско се приведени по пријава дека едниот од нив репетирал огнено оружје и упатувал закани кон 36-годишен маж и членовите на неговото семејство во Старата скопска чаршија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јули околу 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х. (60) и И.Х. (27), двајцата жители на село во Општина Студеничани.
Според пријавеното, инцидентот се случил околу 12:40 часот во Старата скопска чаршија, кога 60-годишниот А.Х. наводно репетирал огнено оружје кон 36-годишен маж и неговите блиски, при што им се заканувал и се обидел физички да ги нападне.
Од полицијата велат дека случајот се расчистува и по целосното документирање на настанот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Напомена: Фотографијата е AI илустрација













