понеделник, септември 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Интерконекторите со Грција и Србија добиваат европско стратешко значење

by Redakcija
15.07.2026
in Економија, Топ Вести

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализираше во изминатиот период, предводени од министерката Сања Божиновска.

Во рамките на посетата на Вашингтон, министерката Божиновска оствари средби со високи претставници на американската администрација, при што беше истакната важноста од развојот на регионалната енергетска поврзаност и диверзификацијата на снабдувањето со природен гас. Овие активности продолжија и на Energy Transition Summit во Атина, каде што министерката оствари билатерални средби со министрите за енергетика од регионот, по што беше отворен процесот за вклучување на Македонија во проширувањето на Вертикалниот гасен коридор кон Западен Балкан.

Одлуката беше потврдена на состанокот на операторите на гасните преносни системи, одржан во Атина, на кој беше договорено приклучувањето на НОМАГАС кон оваа регионална рамка за соработка. Покрај земјите кои веќе се дел од иницијативата – Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Словачка и Унгарија – во процесот на приклучување се и Македонија и Србија.

За Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ова претставува значаен чекор во реализацијата на стратешката цел – Македонија да стане активен дел од европската енергетска мрежа, со сигурно, диверзифицирано и конкурентно снабдување со природен гас.

Приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор не значи изградба на нов единствен гасовод, туку интеграција во координирана европска мрежа од национални гасоводи, интерконектори и терминали преку кои природниот гас ќе може да се движи по повеќе правци, од југ кон север на Европа.

Оваа иницијатива директно се надоврзува на капиталните инфраструктурни проекти што ги реализира Министерството – изградбата на интерконекторот со Грција, кој треба да биде ставен во функција во текот на 2027 година, како и подготовките за интерконекторот со Србија. Со нив Македонија првпат ќе добие можност за пристап до повеќе извори на природен гас, вклучително и до течниот природен гас (LNG). 

,, Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, значително се зголемува и стратешката вредност на овие инфраструктурни инвестиции. Наместо да бидат само национални проекти, интерконекторите со Грција и Србија стануваат дел од поширока европска транспортна мрежа, што ќе овозможи подобро искористување на капацитетите, поголема флексибилност и повисоко ниво на сигурност во снабдувањето, а со тоа земјата станува и важна транзитна точка за снабдување со гас во регионот и Европа“ истакна министерката Божиновска. 

Во услови кога Европа забрзано ја трансформира својата енергетска архитектура и ги диверзифицира снабдувачките правци, приклучувањето кон оваа иницијатива претставува навремено позиционирање на Македонија во новата европска енергетска мапа.

Дополнителен показател за значењето на Коридорот е и големиот интерес на енергетските компании за транспортните капацитети. Ова потврдува дека Вертикалниот гасен коридор веќе се препознава како една од клучните идни рути за транспорт на природен гас во регионот.

Формалното приклучување кон иницијативата се очекува во септември во Солун, кога и официјално ќе се потпише декларацијата за пристапување кон рамката за соработка на Вертикалниот гасен коридор.

Со овој чекор, Македонија не само што ја зајакнува сопствената енергетска безбедност, туку се позиционира како важен дел од новата регионална инфраструктура што ќе придонесе за посигурно, поконкурентно и поотпорно снабдување со природен гас за целиот регион.

…

Related Posts

Во првото полугодие банките оствариле добивка од 137,6 милиони евра, но тоа е значително помалку од лани

14.09.2026

Општина Битола: Нови модерни спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“

14.09.2026

Божиновска: Младите се сегашниот потенцијал на Македонија, инвестицијата во нив е инвестиција во иднината

13.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Го намалуваме ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто за да го заштитиме стандардот на граѓаните

13.09.2026
Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

Мицкоски најави намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти

13.09.2026

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

12.09.2026

Препорачани Вести

Претрес во Радовиш: Уасени три лица

2 недели ago

2.000 години подоцна, Стоби повторно оживува – погледнете ја неверојатната реконструкција

1 месец ago

Популарни Вести

  • Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ќе се случува со платите во администрацијата – Еднаква плата за еднаква работа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каролина Гочева и „Елита 5“ утре со голем концерт на плоштадот во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомнеж за подметнат пожар во Иловица: Пронајдени исечени гранки и запалка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мизар“ со концерт за паметење ја освои битолската публика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.