вторник, јули 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО | Трагедија на параглајдинг-фестивал во Турција: Пилот падна од 30 метри и го загуби животот

by Уредник
19.07.2026
in Свет, Црна Хроника
ВИДЕО | Трагедија на параглајдинг-фестивал во Турција: Пилот падна од 30 метри и го загуби животот

Трагичен инцидент се случи на параглајдинг-фестивал во турската област Чорум, каде што 48-годишен пилот го загуби животот откако падна од височина од околу 30 метри. Последните моменти од летот биле снимени од присутни граѓани.

Несреќата се случила вчера на висорамнината Теке, во округот Огузлар, за време на Третиот традиционален фестивал на параглајдерство и висорамнини.

A paraglider pilot died during a flight in the Turkish city of Çorum. pic.twitter.com/2Pdb2Wvat6

— NEXTA (@nexta_tv) July 19, 2026


Според достапните информации, Бајрам Курт (48) допатувал од Анталија за да учествува на манифестацијата. Тој се искачил на планината Теке, на надморска височина од 1.540 метри, од каде што полетал со параглајдер.

Набргу по полетувањето, Курт паднал од височина од приближно 30 метри и бил тешко повреден. Итно бил пренесен во Државната болница во Огузлар, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Во меѓувреме се појави и видеоснимка од несреќата, направена од граѓани кои го следеле фестивалот. На снимката се гледа како параглајдерот по полетувањето извесно време останува речиси неподвижен во воздухот поради ветерот, по што започнува да паѓа.

Надлежните органи се очекува да ги испитаат сите околности што довеле до трагичниот настан, вклучително и временските услови, состојбата на опремата и текот на полетувањето.

Related Posts

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР: 13 уапсени, запленети дрога и оружје!

20.07.2026

САД деветта ноќ го бомбардираат Иран, Техеран возвраќа со напади врз бази на сојузниците

20.07.2026

Кривични пријави за измама со државни субвенции: Буџетот оштетен за над 3,5 милиони денари

20.07.2026
(ФОТО | ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорката и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода

(ФОТО | ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ГОСТИВАР: Приведени директорката и менаџментот на ЈП „Комуналец“ по скандалот со загадената вода

20.07.2026

Директорката на „Комуналец“ Гостивар изведена со лисици од просториите на претпријатието

20.07.2026

Финансиска полиција откри измама во Тетовскиот универзитет – Поднесена кривична пријава

20.07.2026

Препорачани Вести

Велигден ќе удри по џебот на граѓаните: Зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм – еве какви цени не очекуваат!

4 месеци ago

Зеленски преку Абрамович му порачал на Путин дека е подготвен за директна средба

1 месец ago

Популарни Вести

  • Обвинителство: Фекалии од канал завршувале во водата за пиење во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Гостивар Лимани: Не чувствувам морална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драстично поскапување на горивата од полноќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре 5 часа без струја дел од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.