Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 21 јули 2026 година околу 14:00 часот, а во неа учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од село Волково, скопско, и патничко возило чиј возач по незгодата го напуштил местото на настанот.
Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
…













